fbpx

Вакцинирани 190.000 граѓани, се отвораат пунктови за масовна имунизација во Велес, Прилеп и Струмица

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Масовната имунизација на населението се одвива непречено и во најдобар ред.

Според податоците на Министерството за здравство, досега вкупно се аплицирани речиси 190.000 дози вакцини, а ревакцинирани се 26.415 граѓани.

Како што тече процесот на вакцинација, така во државата пристигаат нови контигенти на вакцини што овозможува процесот на масовна имунизација да тече непрекинато.

Денеска, во државата пристигнуваат нови 100.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“.

Граѓаните добиваат вакцини здравствените домови и во регионалните пунктови. Со одлука на Владата предводена од СДСМ следува отворање на нови пунктови за масовна имунизација во градовите Велес, Струмица и Прилеп.

Почитувани,

Вкацината е најдобриот начин да го победиме коронавирусот и кончено да ставиме крај на пандемијата.

Сите вакцини се безбедни за здравјето на граѓаните и затоа апелираме секој граѓанин да се пријави за вакцинација да се вакцинира во потврдениот термин и на тој начин да се заштити од коронавирусот.

Како одговорна партија продолжуваме да работиме на мерки и политики кои го штитат јавното здравје и го унапредуваат здравствениот систем во државата.

 

Последни вести