fbpx

Законот за попис е во согласност со стандардите на ЕУРОСТАТ, ВМРО-ДПМНЕ намерно се обидува да го политизира процесот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

 

Медиуми: Дали од забелешките кои што ги презентираше Илија Димовски има нешто што е за вас прифатливо?

Најотворено ќе ви одговорам. Зошто сметам дека сите овие постапки од страна на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо друго освен лицемерие и обид за да внесат политички калкулации во реализацијата на самата статистика операција, каква што е пописот.

Го зборувам ова од причина што од минатата година, ноември ако не се лажам, на ЕНЕР беше објавен Законот за пописот.

Во тој период до денеска, ВМРО-ДПМНЕ немаше ниту една забелешка. Сега кога влезе во собраниска процедура наеднаш се појавуваат нејаснотии, се појавуваат дилеми.

Јас сум апсолутно убеден и сум оптимист, дека доколку, навистина имаат конструктивни предлози треба да се даде шанса во постапка на дијалог, во отворена постапка, и доколку има конструктивни предлози, би биле прифатливи.

Но, апсолутно, мораме од старт, сите политички чинители, да ја тргнеме политиката од спроведувањето на пописот како статистичко-логистичка операција која што е многу важна за напредокот на државата, секако и за граѓаните.

Не смееме да дозволиме, како што реков и во изјавата, 16 години да бидеме единствена држава во Европа која што нема спроведено попис.

 

Медиуми: Дали сте согласни за примена на посебна комисија за попис како што бара ВМРО-ДПМНЕ?

Принципиелно, доколку навистина сакаа да покажат конструктивност, ќе го повторам одговорот од претходното прашање. Уште од минатата година од месец ноември, на ЕНЕР беше објавен законот за попис. Од минатата година, се додека да влезе во собраниска процедура немаше ниту една забелешка од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Ако ги слушаме експертите, сите се согласија со законот, таков каков што е, во кој што се вметнати регулативите и стандардите на Еуростат. Ги знаеме и новините во пописот. Знаеме и дека ќе има комбинирана проверка на податоците дека покрај тоа што ќе се спроведува од лице на лице на терен, податоците ќе бидат вкрстени и со оние податоци кои што ги имаме во надлежните институции кои што располагаат со податоците. Политички не би одговорал, јас сакам да дадам шанса на дијалогот и на разговорите, секако, доколку има навистина конструктивни предлози од страна на опозицијата, не значи дека не може да бидат истите прифатени. Но, ќе напоменам, имаа можност цела година, во текот на таа година, немаше ниту една забелешка од страна на опозицијата, така да, кај мене лично отвора сомнеж, дека на секаков начин, опозициската ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го исполитизира целиот тој процес.

 

Медиуми: Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека Христијан Мицковски имал средба со Орбан. Како вие гледате на тоа?

Ние неколку пати кажуваме дека Христијан Мицкоски, често пати оди на средба во Будимпешта и со Орбан, но и со како што тој милува да каже на смотра, неговиот вистински шеф, а тоа е Никола Груевски, за детали од средбите веројатно треба да го прашате Христијан Мицкоски.

 

Медиуми: Дали има договор за претседател на Државниот завод за ревизија и зошто мнозинството секогаш бара одложување на оваа Комисија?

Доколку зборуваме искрено, денешната седница на Комисијата на изборите и именувањата беше одложена од страна на претседателот на Комисијата, Илија Димовски.

 

Медиуми: Зошто така одложувате?

Станува збор за две различни комисии кои што беа последователно закажани, на едната комисија имаше други точки, меѓу другите точки беа и почнување на административната проверка за членови на програмскиот совет на МРТВ, секако и членови на советот на АВМУ, знаете дека ние ставивме фокус особено на тие две точки, за жал опозицијата првично гласаше против точките да се разгледуваат како први, за после паузата да биде истото тоа прифатено.

 

Медиуми: Дали има договор за буџетот на Државниот завод за ревизија?

Тогаш кога ќе имаме конкретни информации кои што може да бидат споделени со јавноста, Ве уверувам дека навремено ќе бидете запознаени Вие, медиумите, новинарите, а преку вас и пошироката јавност.

 

 

Последни вести