Одговори на новинарски прашања,
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
Скопје, 10.06.2019
Медиуми: Господин Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ се закани дека ќе го бојкотира пописот наредната година доколку останат во предлог законот предвидените решенија за попишување на оние што се отсутни од земјата повеќе од 1 година, имате ли намера да ги повикате на договор за да се најдат решенија за законот на којшто ќе им одоговараат на сите, и има ли резон да се одржи попис доколку најголемата опозициска партија го бојкотира?
Да не беше жално, ќе беше смешно, но ништо не нė изненадува од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Практично кога секогаш треба да се донесат крупни одлуки, одлуки коишто се во интерес на државата, ние знаеме самиот попис колку е важен да се спроведе за државата, знаеме дека долги години не се спроведуваше токму заради политички калкулации од страна на тогаш или порано владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а сега опозициска партија. Јас очекувам дека сите политички субјекти ќе ја разберат суштината и потребата од пописот на населението. Очекувам и ВМРО-ДПМНЕ да се охрабрат и да се откажат од намерите за бојкот, си има начин како во рамките на Собранието, во рамки на преговарачки групи и во рамки на партиите каде може да се дискутира тоа, а на крај да се донесе одлука којашто ќе биде во интерес на граѓаните.
Медиуми: Во однос на мандатот на Груевски, тој даде оставка преку нотарски акт, дали е тоа прифатливо или ќе инсистирате Собранието со двотретинско мнозинство да му го одземе?
Не станува збор дали е тоа прифатливо или не. Знаеме дека во Република Северна Македонија законите важат подеднакво и мора да важат подеднакво за сите. Никола Груевски не е никаков исклучок од сите други граѓани во нашата држава. Јас повикувам и апелирам дека Никола Груевски има обврска да се врати во државата кадешто треба да си ја отслужи казната затвор, односно со правосилна судска пресуда сега од 2 години и додека има намера лично да ја врачи оставката во Собранието на Република Северна Македонија.
Медиуми: Нотарски акт не е прифатлив?
Околу процедурите, околу правните текови дали е прифатлив нотарски акт на унгарски јазик, од страна на избеган криминалец којшто неговите колеги од неговата партија одбиваат да му го одземат мандатот, мислам дека е смешно.