Отворен повик за самокандидирање на кандидати за членови на Централниот и Надзорниот одбор на СДСМ со доставување на самокандидатура

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија започна постапка за избор на членови  на Централниот и Надзорниот одбор, имајќи го предвид ова даваме можност за самокандидирање на кандидати со доставување на самокандидатура. 

За таа цел ги повикуваме сите заинтересирани членови на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија професионалци, чесни и угледни индивидуи, кои имаат желба за активно учество во предметните органи на СДСМ да се самокандидираат за членови на Централниот и Надзорниот одбор на Социјалдемократски сојуз на Македонија.

При формирањето на Централниот и Надзорниот одбор Социјалдемократски сојуз на Македонија ќе се води од принципите за родова, младинска и етничка застапеност и тоа (член 11 од Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членови на Централниот и Надзорниот одбор на Социјалдемократски сојуз на Македонија):

  • еднаква застапеност на обата пола;
  • најмалку 33,33% млади;
  • различна етничка застапеност.

Кандидатите за членови на Централниот и Надзорниот одбор на Социјалдемократски сојуз на Македонија потребно е да се водат од следните услови и критериуми:

  • Да бидат полнолетни, односно да имаат наполнетo 18 години старост;
  • Да бидат истакнати членови на СДСМ кој во досегашниот партиски ангажман имаат дадено значителен придонес за јакнењето на афирмацијата на СДСМ,
  • Да покажале организациски способности и доследност во остварувањето на политичките и програмските определби и дале свој придонес во развојот и структурирањето на партијата на сите нивоа,
  • Да бидат личности со висок општествен углед, способни за извршување на функцијата и за успешно остварување на програмата на СДСМ,
  • Да уживаат доверба на членството и симпатизерите на СДСМ да бидат личности кои на најдобар начин ќе ја застапуваат политиката на СДСМ,
  • да оствариле евидентни резултати како носители на функции и членови во органите на сите нивоа на организираност на партијата,
  • Меѓу членството и пошироко меѓу граѓаните да уживаат углед и доверба,
  • Да биле најмалку еднаш избрани од Конференцијата на ОО на СДСМ или Конференцијата на ЛК во органите на соодветната ОО или ЛК на СДСМ,
  • Да биле минимум 2 (две) години членови на СДСМ.

  Постапката за самокандидирање на кандидати за членови на Централниот и Надзорниот одбор на Социјалдемократски сојуз на Македонија трае од 24.03.2021 година до 10.04.2021 година.

Самокандидираните кандидати за членови на Централниот и Надзорниот одбор на Социјалдемократски сојуз на Македонија во хартиена форма задолжително доставуваат:

– Биографија/CV (стандардизирана форма);

– Мотивационо писмо/писмо за намера, со точно наведен орган (Централен или Надзорен одбор) за кој за доставуваат својата самокандидатура.

Заинтересираните кандидати својата самокандидатура (со целосна прилог документација во хартија, во затворен плик со назнака Самокандидатура за член на Централен или Надзорен одбор на СДСМ) потребно е да ги достават најдоцна до 10.04.2021 година до Извршниот одбор на СДСМ, во седиштето на СДСМ на ул. Бихаќка број 8 Скопје.