Соопштение за јавност
Министерот почетник во Министерството за финансии, Кирил Миноски којшто ја наследи фотелјата на Ставрески очигледно не добил конкретно упатство за работа од заминатиот министер.
На економски неписмениот Миноски очигледно не му е доволно јасно што е долг, а што е капитал.
Евентуалното издавање на нова еврообврзница не е ништо друго освен нов нелегален долг натоварен на грбот на граѓаните.
Збунетиот почетник министер очигледно ги манипулира граѓаните со тоа што ќе ја прзентира еврообврзницата како ,,странски капитал“ за да ги покрие слабите резултати на странските директни инвестиции.
Промашените економски политики на Груевски ја втурнаа Македонија на дното во регионот по странски директни инвестиции.
Очигледно Кирил Миноски сеуште не ја отворил web страницата на Министерството за финансии за да види дека капиталните инвестиции се пониски од претходната година за цели 20 милиони евра и нивната реализација изнесува само 16.5% од планираните за цела година.
Со ова Кирил Миноски станува директен соучесник којшто заедно со поранешниот минситер за финансии Зоран Ставрески учествува во неконторлираното задолжување на државата бидејќи очигледно и тој продожува слепо да ги следи наредбите на нивниот заеднички наредбодавател Никола Груевски.
Скопје, 24.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА