fbpx

До кога „Република“ ќе молчи за приходите од над 1.1 милион евра?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Провладината „Република“ со денови не одговара на кој начин се стекнала со приходи од над 1,1 милион евра?

Транспарентноста, непристрасноста и објективноста се клучни професионални и етички новинарски стандарди, коишто очигледно не важат за провладините медиуми.

До кога „Република“, како и „Курир“, ќе молчи за милионските приходи?

Според официјалните документи на Централен регистар за период од три години неделникот „Република“, во сопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварила приходи во висина од 1,1 милиони евра.

“Република” и останатите медиумски курири на уредникот во заминување Никола Груевски не кажуваат од каде им се милионите на нивните сметки.

Како им успева на овие медиуми да се стекнат со милионски приходи?

Ако се има предвид дека приходот на „Курир“ изнесува 1,3 милиони евра тогаш само овие два провладини медиуми оствариле приход од над 2,4 милиони евра!

Кои други портали имаат милиони на своите сметки и што се крие зад милионските приходи на провладините медиуми?

Никола Груевски и фамилијата преку пропагандата на медиумските курири се обидуваат да го сокријат криминалот и корупцијата во последните 10 години.

Jавноста се уште очекува одговори како „Република“ се стекнала со милионските приходи?

 

Скопје, 30.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести