Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ е во толку голем хаос од соочување со одговорноста за целокупниот криминал што едни лаги на Зоран Ставрески се обидува да ги поркие со нови лаги во нивните нервозни соопштенија.
Документот во прилог покажува дека на седница на Владата, токму кумот Ставрески, со свој потпис потврдил дека до крајот на октомври капиталните инвестиции се реализирани едвај 55%.
Груевски, Ставрески се повторно фатени во лага.
Единствени капитални инвестиции на Никола Груевски и кумот Ставрески се богатењето и бизнис интересите на фамилијата, матните зделки на братучедот Мијалков, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари, провизиите, тендерите од спомениците вредни 630 илјади евра…
За грабежот на граѓаните, криминалот и корупцијата во изминатите 10 години ќе следува одговорност согласно законите.
Сите оние коишто го прекришиле законот, оние коишто им украдоа 10 години од животот на граѓаните, ќе одговараат.
Македонија знае: Збогум Никола!
Скопје, 29.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА