Соопштение за јавност
Позитивниот Извештај од ЕК за напредокот на Северна Македонија е доказ за успешноста на реформите и посветеноста на Владата предводена од СДСМ во процесот на интеграција во ЕУ
Извештајот на Европската комисија ги препознава и вреднува заложбите и спроведените реформи на Владата предводена од СДСМ и нејзината посветеност во интегративниот процес кон ЕУ.
Вистински мотив е што во Извештајот на Европската Комисија (ЕК) за Северна Македонија е констатирано дека содржинскиот дијалог на Владата на Северна Македонија со Европската комисија се наоѓа на многу повисоко ниво.
Во Извештајот е нотирано дека Северна Македонија во голем број области постигнува висок степен на усогласеност со европското законодавство и се препорачува имплементација и испорака на уште поголеми резултати.
ЕК во Извештајот за Северна Македонија посебно ги издвојува наодите во областите на фундаментални вредности, избори, владеење на правото, судството и борбата против корупцијата, од што може да се заклучи дека земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементацијата на веќе донесените закони.
Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан предвидува финансиската поддршка од 9 милијарди евра преку ИПА, и тоа во комбинирана форма на грантови, како и поволни заеми со цел да се поддржи економската конвергенција на Западен Балкан со Европската Унија.
Оваа финаниска поткрепа е силна порака и поддршка за европската перспектива на регионот и за комплементарноста на реформските процеси со забрзаниот економски развој.
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, останува силно посветена на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Реформите важни за граѓаните, важни за европската иднина на државата продолжуваат уште повеќе и уште подобро.