fbpx

Николов: Штип ќе продолжи по патот на напредокот, ќе се бориме против коронавирусот, обебедуваме бесплатни маски за сите граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Во вклучување на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Штип Сашко Николов ја претсави својата преограма и визија за градот Штип.

Николов истакна дека Штип ќе продолжи по патот на развојот и напредокот, ќе продолжат и инвестициите во проекти важни за граѓаните, како што се реконструкција на најфреквентните сообраќајници, реконструкција и изградба на спортски објекти, реновирање на училишта и реализација на проекти за зачувување на животната средина.

– Желбата на сите нас е да имаме еколошки чист и безбеден град. Пред се да продолжиме со проектите кои се започнати во изминатие години. Да го направиме Штип – дом еднаков за сите, дом во кој ќе растат нашите деца. Штип го гледам како крстосница каде што се вкрстуваат сите патишта, магистрални, локални, експресни, град на современост, град на грижата, град што ќе продолжи да пулсира во духот на младите, во духот на културата, еколошки чист град. Штип е во сигурни раце и ќе продолжи да чекори напред заедно, порача Сашко Николов.

Кандидатот за градоначалник на Штип, Николов посочи дека општината ќе продолжи со силна помош и поддршка на граѓаните, но и здравствените работнции во борбата против коронавирусот.

– Продоллжуваме со навремена и целосна дезинфекција на сите јавни институции, посебно каде што престојуваат нашите деца. Ќе иницирам да се формира посебен фонд за донации и од општествено одговорните компании да собираме средства за секој наш граѓанин да има маска. Со црвениот крст ќе ги најдеме постарите граѓани, да им помогнеме во остварувањето на секојдневните обврски,заклучи Николов.

Последни вести