fbpx

Чешка и Словачка ги демантираа срамните лаги на Мицкоски и Николовски, ВМРО-ДПМНЕ е докажан извор на лажни вести

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Секојдневно се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ е комплетна фејк њуз партија и не случајно меѓународно е препознаена како главен извор на лажни вести и дезинформации, што е посочено и во студија на ЕУ.

Вчера, амбасадорите на Чешка и Словачка, со јасни изјави ги соголеа срамните и безобразни лаги на Александар Николовски.

И инситуционално се потврди дека чиста и бесрамна лага е дека ВМРО-ДПМНЕ издејствувала Чешка и Словачка, како членки на ЕУ да се спротивстават на блокадата на Бугарија.

Јавноста повторно посведочи на уште една шлаканица за докажаните лажговци Мицкоски и Николовски, на уште една потврда за ВМРО фејк њуз ДПМНЕ дека е извор на лажни вести.

Мицкоски лажеше дека во Софија ни се распарчувала државата, Антонио Милошоски лажеше дека покрај Бугарија и други земји членки биле против евроинтеграциите на Северна Македонија, Николовски лажеше дека ВМРО-ДПМНЕ издејствувало реакција од Чешка и Словачка.

Сите овие лаги се демантирани, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уште не ја учат лекцијата. Затоа остануваат уште долго во опозиција.

Последни вести