Соопштение за јавност
Големи се фрустрациите во ВМРО-ДПМНЕ од успешното раководење на Град Скопје од страна на СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов па затоа не престануват да измислуваат непосточеки контрукции и измислици.
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинува за наводни скандали кои се ништо друго освен исчадени петарди во нивните раце, наспроти бомбастичните скандали што секојдневно ги приредуваа со проектот Скопје 2014.
Денеска ВМРО-ДПННЕ обвинува за тендери за стотина илјади евра за опрема за пожарникарите, а тие суми ги трошеа без тендер и со анекси секојдневно за стиропорни ѕидови, барокни канделабри и кич скулптури додека градот го раководеше Коце Трајановски.
Разликата е што нови чизми и ХТЗ одела мора да се набават за „хероите на градот“, и за тоа нема компромис, а барокни карусели, фонтани од лажен мермер не мораа да се набавуваат, но се набавуваа за да се исполнат хировите и желнбите на Никола Груевски. Во време на валдеењето на ВМРО-ДПМНЕ имаше само за Сопје 2014, денес има за пожарникарите и за се што е важно за непречено функцинирање на Градот.
Да биде иронијата поголема, денеска ВМРО-ДПМНЕ обвинува за скандали иста компанија која во времето на Трајановски склучувала договори за набавка на опрема.
Ова е доказ за конфузијата, за изгубеноста што владее во ВМРО-ДПМНЕ, доказ дека освен за измислици и конструкции за ништо друго не знаат.