fbpx

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголема закана за здравјето и лош пример кој не треба да се следи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека состојбата со глобалната пандемија на коронавирусот бара општествена одговорност и дисциплинирано почитување на мерките за заштита, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со нивното крајно неодоговрно и незрело однесување .

Организирањето на партиски собир како тој во Ново Лисиче, спротивно на сите протоколи за заштита на здравјето е уште еден доказ дека оваа партија воопшто нема никаква грижа ниту совест кон граѓаните.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголема закана за здравјето на граѓаните. Тие се најголеми непочитувачи на мерките и препораките а нивниот Наќе Чулев намерно го саботира системот одвнатре.

Претходно, неодговорниот, незрел и опасен по здравјето Христијан Мицкоски одеше во теретана, кога спортските објекти беа затворени, одеше во кафана во затворен простор, кога тоа беше забрането.

Од самиот почеток на здравствената криза јавноста е сведок на непочитување прописи и мерки од страна на Мицкоски и смислено ширење лажни вести од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Социјал демократскиот сојуз на Македонија апелира до граѓаните, да ги почитуваат мерките и препораките и да не го следат лошиот  пример на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Токму заради ваквото незрело, неодговорно и несериозно однесување, на 15 јули ВМРО-ДПМНЕ , ќе бидат казнети од страна на граѓаните .

СДСМ била и останува на страната на заштита на интересите на граѓаните и покажува вистинска грижа за заштита на нивното здравје.

СДСМ е заедно со граѓаните во борбата со сите предизвици.

Последни вести