fbpx

Лукаревска од Битола: Граѓаните препознаваат дека СДСМ ја има најдобрата понуда и тоа ќе го потврдат и на денот на изборите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Добровечер Битола добровечер победнички кандидати за градоначалници и носители на советнички листи.

Во првата изборна единица СДСМ и Коалицијата ја имаат најдобрата понуда за градоначалници на Град Скопје – Петре, на Центар – Горан, на Карпош – Душко, на Аеродром – Александар, на Кисела Вода – Филип, на Сопиште – Сашо, за Македонски Брод – Живко, ја имаме и најдобрата понуда на листи за советници во Сарај, Чаир и Студеничани.

Ова се нашите најдобри кандидати. Тие знаат како да ги развиваат општините и градот Скопје. Ние ја имаме најдобрата понуда, затоа што имаме јасен план и визија. За секое маало, за секое село, за секој град. За целата држава.

Од друга страна имаме неизвесност, уцени и закани. Тоа знаат да го препознаат граѓаните, знаат да ја направат таа разлика, затоа што сме фаворити во секој поглед, затоа што сме најдобри на сите анкети, затоа што на 17 октомври ќе бидеме победници. Ќе победиме во Битола и во целата држава.“

Последни вести