Соопштение за јавност
Добровечер и од мене
Стартуваме во победничка Битола, ИЕ 5 каде што навистина ја имаме најдобрата понуда. Луѓе од доверба, луѓе кои работат посветено и не само тоа, луѓе кои исклучиво ќе служат на граѓаните.
Овде во Битола победуваме со Христо, во Охрид со Константин, во Струга со Димче, во Ресен со Живко, во Демир Хисар со Стевче, во Крушево со Томе, во Долнени со Аднан, во Вевчани со Сашо, во Маврово и Ростуша со Медат, во Кривогаштани со Николче, во Дебрца со Игор.
Во Кичево, Дебар, Центар Жупа и Пласница ја имаме најдобрите кандидати за советници во овие општини.
Ние направивме драстични, големи промени во сите сегменти на општеството за разлика од ВМРО-ДПМНЕ. Сето тоа го направивме отчетно, отворено, посветено и заедно со граѓаните. Ние креиравме и креираме политики кои значат просперитет и перспектива. Политики кои главни вредности кои ги имаат во себе, се слобода, еднаквост, демократија и право на избори.
Денес секој од нас со гордост зборува за реконструкција на училишта, градба на градинки, нови кабинети по природни науки, дигитализација во образование и подобра детска заштита. А пред само 4 години не сакам да заборавиме дека имавме задолжени и блокирани училишта, општини. Училишта без креди и инвестиции од стиропор…
Затоа сум убедена дека на 17 октовмри ќе гласате за бројот 12, затоа што само така вашиот глас може да значи подобра идина за нашите деца.