fbpx

Јанушев не се појави во Берово, дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ потврди, Мицкоски нема поддршка од граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Граѓаните не даваат поддршка на антидржавните политики на ВМРО-ДПМНЕ и не ја поддржуваат нивната обнова на режимот.

Потврда за тоа е вчерашниот дебакл на ВМРО-ДПМНЕ во Берово, со очајно ниска посетеност.

Иако претходно беше најавено дека на средбата ќе учествува и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, тој на крајот не се појавил меѓу граѓаните на Берово.
(https://www.facebook.com/VmroDpmneOkBerovo/videos/652172698641100/)

Очигледно свесен дека нема поддршка Јанушев не се појавил иако претходно бил најавен на официјална прес конференција на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се прочитани. Граѓаните гледаат дека тие немаат програма, немаат идеја, немаат план, туку нудат само обнова на режимот, одбрана на криминалот и враќање назад, во темното минато на изолација и неизвесност.

Со таква понуда Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува само пораз на изборите на 12 април во Берово но и ширум земјава.

СДСМ полни сали насекаде, во секој град и населено место, ВМРО ДПМНЕ граѓаните го избегнуваат.

Граѓаните нема да дозволат обнова на режимот и на 12 април ќе потврдат дека државата е правиот пат, на патот на повисоки плати, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните.

Последни вести