fbpx

ВМРО-ДПМНЕ со години го урнисуваше системот за социјална заштита а денес е против зголемена социјална помош за 300%

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

11 години ВМРО-ДПМНЕ свесно го уништуваше системот за социјална заштита а нивните криминални и расипнички политики придонесоа сиромаштијата енормно да се зголеми.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ во нивен познат стил повторно повторно ја извртуваат вистината и контруираат лаги.

Токму во Извештајот на кој денеска се повикува ВМРО-ДПМНЕ јасно се наведува дека се забележува напредок во социјалната инклузија и заштита, дека сиромаштијата е сѐ уште сериозен проблем, но се очекува подобрување на состојбата со новиот Закон за социјална заштита кој овозможува гарантиран минимален приход за сите невработени.

Новата социјална реформа целосно го преобразува системот за социјална заштита и отвора можност за трајно извлекување од сиромаштија на околу 30.000 домаќинства.

Заради сиромаштија што зад себе ја остави ВМРО-ДПМНЕ денес, со реформата, социјалната помош се зголемува до 300 отсто.

Со социјалната реформа, за првпат се воведува семеен пакет од право на Гарантирана минимална помош со Додаток за покривање на дел од трошоците за потрошувачката на енергенси во домаќинството, Детски додаток, како и Додаток за образование.

Со мерките под новата социјална реформа наместо досегашниот опфат од 3.200 деца, сега детскиот додаток ќе го користат 73.500 деца, додека пристап до образованиот додаток отсега ќе имаат 64.136, наместо 3.800 деца како досега.

Ова се само дел од мерките од социјалната реформа која обезбедува повеќе пари кај граѓаните, поголема вклученост на ранливите категории граѓани со цел трајно извлекување од сиромаштија.

Добро е ВМРО-ДПМНЕ да го прочита најпозитивниот извештај од ЕК за напредокот на реформите и да се честита за успехот на државата.

 

Скопје, 05.06.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести