Соопштение за јавност
Политичката реалност е дека Мицкоски е поразен на претседателските и локалните избори, демократските промени се заокружија, наместо нов Иванов имаме вистински Претседател кој води напред.
Граѓаните на 5 ти мај гласно порачаа дека не сакаат кочење, не сакаат враќање назад, не сакаат деструкција и режим.
Волјата на граѓаните е јасна, граѓаните сакаат напредокот да продолжи, сигурна иднина, членство во ЕУ, НАТО.
Затоа го поддржаа концептот предводен од Пендаровски за заедништво, обединување, напредок.
Тоа се пораките на граѓаните, тоа е политичката реалност. Таа не зависи од тоа дали Мицкоски ја прифаќа или се залажува себе си.
Причините за поразот на претседателските избори, како и за поразот на локалните избори Мицкоски треба да си ги побара кај себе.
Вака, покажува дека толку е очаен Мицкоски што пред своето членство поразот на претседателските избори, поразот на локалните избори во Охрид и поразот на локалните избори во Ново Село ги претставува нереално.
Република Северна Македонија продолжува напред.
Скопје, 07.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА