fbpx

Започнува процес на професионализација на инситуциите, ниту еден граѓанин нема да биде над законите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ е партијата што ја направи најголемата партизација на државните институции и целокупното општество. 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ беше целосно поклопување на државата од страна на партијата, кадешто секој којшто не работеше во интерес на ВМРО-ДПМНЕ беше уплашуван, уценуван и угнетуван.

Токму времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше време на протекционизам, партиски реваншизам и партизирање на институциите, а еден од најочигледните примери за тоа беше Министерството за внатрешни работи кое ВМРО-ДПМНЕ го претвори во ВМРО-МВРО, по признание на тогашната министерка Гордана Јанкуловска. Граѓаните дознаа како владеело ВМРО-ДПМНЕ, преку наместени тендери, партиски вработувања без соодветно образование и огромни хонорари за партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ на сметка на остантите граѓани.

СДСМ нема да дозволи ниту еден граѓанин да биде над законите и над останатите граѓани, само затоа што е член или активист на некоја политичка партија, како што тоа 11 години го правеше ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ преку Владата што ја предовди, започнува процес на професионализација и департизација на институциите. Институциите ќе функционираат професионално, ефикасно и исклучиво во интерес на граѓаните. Сите граѓани ќе бидат еднакви пред правата и обврските без разлика на нивната етничка, религиска, партиска или каква било припадност.

 

Скопје, 24.06.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести