Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на актерот Сефедин Нуредини.
„Во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое лично име изразувам искрено и длабоко сочувство за загубата на Сефедин Нуредини.
Неговото заминување остава ненадоместлива празнина во вашето семејство, но и во театарската уметност во Република Македонија.
Сефедин Нуредини зад себе остави богато професионално творештво што несомнено и по неговата смрт останува патоказ со каква љубов, посветеност и работа се придонесува кон личниот напредок но и за развој на општеството во коешто живееме. Тој преку неговото животно дело и неуморната работа во создавањето на албанската драма покажа како е можно тоа да го постигне секој човек определен кон колективното добро.
Името на Сефедин Нуредини останува врежано во културната и општествената јавност во Република Македонија“.
Скопје 16.01.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА