mchi

Прес

Се придружувам на иницијативата 12-ти април, денот на Шарената револуција, да се прогласи за ден на граѓанска борба за правда

dbi

12.04.2019

Изјава за медиуми
Стево Пендаровски, кандидат за претседател
Скопје 12.04.2019

Почитувани,
Денеска е 12-ти април, денот кога почна Шарената револуција.
Кога народот, кога граѓаните во сите македонски населени места, села и градови излегоа масовно да се побунат против криминалната одлука на Иванов, да помилува над педесет мега криминалци од тогашниот режим.

Знаете сите дека, месеци и месеци потоа, сите ние и не само во Скопје, пешачевме километри и километри и се бунтувавме за човекови слободи и права, за рамноправност меѓу сите нас, се боревме за правда, за демократија и за казнивост на криминалците, не за амнестирање.

Сакам во оваа пригода да им се поклонам, да искажам максимална почит кон сите учесници на Шарената Револуција, кои придонесоа Македонија конечно да стане пристојно место за живеење, со демократија, слобода на медиуми, со рамноправност на сите граѓани независно од нивната припадност, етничка, верска или на одредена политичка партија и сакам да се придружам на иницијативата која започна овие денови, за прогласувањето на овој ден, 12-ти Април, како ден на протести, мислам дека тоа има исклучителна, не само политичка симболика, која треба да ни покаже дека и во оваа држава имало настани од нашата скорешна историја, кои треба да ги почитуваме и врз чие убаво искуство, позитивно искуство, можеме да надградуваме нови иницијативи во таа граѓанска сфера кои ќе ја направат подобра и политиката и политичарите и животот на сите нас што живееме во оваа земја, Република Северна Македонија.

Благодарам.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени