Фани Каранфилова-Пановска има повеќе од 25-годишно искуство во работење и посветеност на развојот на граѓанското општество, вклучувајќи и повеќе од дваесетгодишно искуство и работа на раководни и советнички позиции во граѓанското општество, но и како негов претставник во различни тела и институции на државата. Од 1998 до 2023 година работи во Фондацијата Отворено општество-Македонија (ФООМ), каде во периодот 1999-2015 ги води програмите за реформа на јавната администрација, развој на локалната самоуправа, економски реформи, добро управување и програмите за поддршка на пристапувањето во Европската Унија, а во периодот 2015-2023 година е Извршна директорка на Фондацијата. Во периодот мај 2023- јуни 2024 година беше специјален советник за пристапни преговори и ИПА на Потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања.
Во текот на работниот век во Фондацијата Отворено општество-Македонија во периодот 1998-2023 година има стекнато сериознолидерско и раководноискуство на високо нивои релевантна експертиза за Европската Унија и европскитеинтеграции, процесот на пристапување во ЕУ, реформата на јавната администрација и локалната самоуправа, доброто управување и економските реформи, со посебен фокус на процесите на креирање и спроведување политиките, транспарентноста и отчетноста на државните институции, учеството на граѓанското општество во тие процеси и заштитата и застапувањето за маргинализираните заедници.Каранфилова-Пановска е дипломиран економист и кандидат за магистер по европски економски интеграции на Економскиот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје. Таа поседува специјализација во областа на европските интеграции од Институтот за европски политики од Берлин. Во периодот од 2008-2011 како претставник на граѓанското општество беше член на Националниот совет за евроинтеграции при Собранието на Република Македонија, а како член на ИПА ТАИБ мониторинг комитетот во периодот 2011-2018 година активно учествуваше во следење на процесот на користење на средствата одИПА програмата. Од 2018-2023 беше претседателка на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество.Уредник е и ко-автор на многубројни публикации од областа на европската интеграција, доброто управување, развојот на граѓанското општество, локалната самоуправа, економските и фискалните реформи.
Социјалдемократски Сојуз на Македонија. Сите права се задржани