Центар за истражување и анализа на СДСМ
Мисија и цели
Центарот за истражување и анализа има мисија да ги зајакне и промовира социјалдемократските вредности и демократијата во државата, да креира и промовира политики засновани на дијалог, инклузивност и солидарност. Центарот се стреми кон зголемување на просперитетот на граѓаните, нивната социјална и економска благосостојба. Главната цел е да се изгради платформа врз која треба да почива структурирана и квалификувана дебата за демократизација и за политичките процеси во Република Северна Македонија.
Историјат
Центарот за изтражување и анализа на СДСМ е партиско тело кое е основано на 27.11.2017 година. Формирањето на ова партиско тело произлезе од потребата и посветеноста на СДСМ како водечка политичка партија во Република Северна Македонија да развива и креаира политики, кои што ќе ја придвижат државата кон евроаталнтските интеграциски процеси, а истовремено и за подобрувањето на благосостојбата и комуникцијата со граѓаните.
Активности на Центарот за истражување и анализа
– Оперативен дел
Дневно истражување, обработка на податоци за потребите на партијата, планирање на идните активности, како и други активности поврзани со функционирањето и политиката на партијата.
– Проектен дел
Организација на трибини, дебати, семинари, работилници, истражувања на јавносто мислење, публикација на студии и истражувања, евалуација на политики, следење на општествените процеси во Република Северна Македонија, меѓупартиски и меѓународни активности и други работи од областа на истажувачко-аналитичките активности и активности во врска со стратешкото политичко планирање.
Задачи на Центарот за истражување и анализа
– Одржување на базата на податоци
– Дефинирање и континуирано унапредување на собраните податоци
– Дефинирање и одржување на база на податоци според демографија
– Детална периодична анализа на флуктуацијата според организациска структура
– Подготовка, вкрстување и одржување на база на податоци од изборни резултати и анкети по избирачко место и изборна единица
– Сеопфатна анализа, следење и подготовка на регуларни извештаи за членството и симпатизерите според избирачко место, изборна единица и демографски податоци
– Подготовка на листа на индикатори за мерење на перформанси
– Прибирање на податоци за мерење на индикаторите за перформанси и подготовка на извештаи и анализи
– Подготвување на препораки, предлози и специфични мерки во насока на поефикасно управување со интерните податоци, извештаи и анализи
Директор на Центар за истражување и анализа на СДСМ – Јон Фрчкоски