
Дата на раѓање: 26.11.1968
• Националност: Македонец
• Место на раѓање: Скопје, Република Северна Македонија
• Брачна состојба: женет, две деца
Академски податоци
* Дипломирал на Градежниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј ” во Скопје.
• Mагистрирал на Универзитетот “ФОН” на тема: “Улогата и влијанието на Советот на Европа во развојот и остварувањето во поредокот на човековите
права”, под менторство на Проф. Д-р. Димитар Мирчев, со што станал
магистар за европска и меѓународна политика и диломатија
Професионална кариера
* 1996-2000: Заменик претседавач во Советот на Град Скопје;
* 2000-2002: Советник на Градоначалникот на Град Скопје;
* 2002-2011: Пратеник во Собранието на Република Македонија, во чии рамки
извршувал повеќе функции и надлежности:
1. Прв Ко-претседател на Мешовитиот Парламентарен Комитет Република Македонија-Европска Унија;
2. Член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, во чии рамки бил:
- Член и потпретседател на Комисијата за миграции, население и бегалци;
- Член на Комисијата за политички работи;
- Член на Комисијата за еднакви можности;
- Известител на Парламентарното Собрание на Советот на Европа
на тема: “Недозволена трговија со мигранти за прислино
вработување”;
- Известител на Парламентарното Собрание на Советот на Европа
на тема: “Барања за азил поврзани со родовата припадност”;
- Набљудувач на изборни циклуси во повеќе земји-членки на
Советот на Европа;
- Модератор и учесник на бројни меѓународни Конференции
3. Член на Комисијата за европски прашања;
4. Член на Националниот Совет за евроинтеграции;
5. Член на Комисијата за надворешна политика;
6. Член на повеќе пратенички групи на Собранието на Република
Македонија за соработка со Парламентите на други држави
•2013-2017: Градоначалник на Општина Центар – Скопје;
•2018-2020: Заменик министер за
надворешни работи во Владата на Република Северна Македонија;
•2021-2023: Координатор на градежните активностите во Министерството за здравство;
•2024-2025: Амбасадор на Република Северна Македонија во Романија