
Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) е основана на 9-ти ноември 1991 година и од тогаш постои и функционира како подмладок на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Формирана е како организација на слободни и одговорни членови кои ги прифаќаат Статутот и програмските определби на СДСМ како и Статутот и програмските определби на СДММ. Како партиски подмладок, таа активно учествува во сите активности на СДСМ, вклучувајќи ги тука и креирањето на програмата и политиките на оваа партија, притоа развивајќи самостојна политичка иницијатива и дијалог меѓу младите и другите субјекти во општеството.
Во таа насока, СДММ развива облици на политичко, интересно и струково организирање со цел да ги афирмира идејните основи, вредносните критериуми, демократската содржина и прогресивната oриентација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Социјалдемократската младина на Македонија е полноправна членка на IUSY (Интернационална унија на социјалистички и социјалдемократски подмладоци), на YES (Млади европски социјалисти) и на СД9 – Балканска мрежа на социјалдемократски подмладоци.
Посветени сме на проблемот со младинската невработеност, што е една од главните причини за масовното иселување на младите од нашата држава.
Активно работиме за:
За нашиот проект Гаранција за млади, со којшто секој млад човек добива понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, подготовка за вработување, за Студентската платежна картичка, за Бесплатниот јавен превоз, за Скејт парковите и велосипедските патеки, за Младинските спортски школи, стипендии, поддршка, ќе имате прилика да прочитате во Програмата на СДСМ.
Младите се движечка сила во општеството. Ако се согласувате со нас, зачленете се во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија заедно да се избориме и да изградиме слободно и праведно општество со еднакви можности за сите граѓани.
Претседател на СДММ:

Стефанија Кузмановска е родена на 16 септември 1999, дипломиран хемиски инженер, насока применета хемија – аналитичка биохемија на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзиниот образовен и професионален пат ги поврзува науката, заштитата на животната средина, образованието и општествениот ангажман, водени од убедувањето дека знаењето, солидарноста и одговорните политики се темел на поправедно општество.
Нејзиниот активизам започнува уште во студентските денови, кога била претседателка на Студентското собрание на Природно-математичкиот факултет. Преку организирање студентски активности, учество во младински иницијативи и едукативни програми, го гради своето искуство во лидерството, јавните политики и демократското учество. Политичкиот ангажман го развива во Социјалдемократската младина на Македонија, преку работата во Локалниот клуб на СДММ Демир Хисар и секторот за студенти. Претходно, била член на Централниот одбор на СДММ (2020-2022), член на Извршниот одбор на СДММ (2022-2024) и ја извршувала и функцијата Потпретседателка на СДММ (2024-2026). Работата со студентите и младите ѝ овозможува непосредно да ги запознае нивните предизвици, потреби и очекувања, како и значењето на политичкото организирање што произлегува од реалните проблеми на граѓаните.
Како претседателка на СДММ, Кузмановска се залага за младина што не е само набљудувач на политичките процеси, туку активен чинител во креирањето на политиките и одлуките што ја определуваат иднината на државата. Нејзиниот пристап кон младинското организирање се темели на отвореност, непосредна комуникација, вклученост и создавање простор за нови идеи, критичко размислување и демократски дијалог. Смета дека младите заслужуваат реална можност да учествуваат во одлучувањето, да ги претставуваат своите интереси и да бараат одговорност од институциите.
Кузмановска истовремено е и Координаторка на Балканските организации во рамки на Президиумот на International Union of Socialist Youth (IUSY), меѓународна организација што ги обединува социјалистичките и социјалдемократските подмладоци на политичките партии од целиот свет. Преку оваа функција, таа придонесува кон регионална и меѓународна младинска соработка, размената на искуства и поврзувањето на прогресивните младински организации во заедничката борба за демократија, човекови права, социјална правда и еднаквост. .
Како социјалдемократка, таа се залага за општество засновано врз еднаквост, социјална правда, солидарност и еднакви можности за сите. Во фокусот на нејзиниот политички ангажман се достоинствени услови за живот и работа, квалитетно и достапно образование, подобар студентски стандард, еднакви можности за младите, родова еднаквост, заштита на животната средина и создавање перспективи што ќе им овозможат на младите да ја градат својата иднина во сопствената држава. Се залага за демократска и европска Северна Македонија, во која различностите се вредност, солидарноста е општествена одговорност, а политиката е инструмент за подобрување на животот на граѓаните.
Преку учество во младински лидерски програми, академии за јавни политики и регионални иницијативи, Кузмановска го продлабочува своето знаење за демократските процеси, прогресивните политики и предизвиците со кои се соочуваат младите. Нејзината посветеност на меѓународната младинска соработка произлегува од уверувањето дека европската иднина на Северна Македонија се гради и преку поврзување на младите, размена на искуства и заедничко дејствување за одбрана на демократијата, човековите права и социјалната правда.
За Стефанија Кузмановска, младинската политика не е само прашање на претставување на младите, туку и на нивната моќ да ги менуваат општеството и институциите. Нејзината визија за СДММ е младина што ги слуша младите, ги обединува околу прогресивни идеи и ги претвора нивните барања во конкретни политики и промени.
Заменик-претседател:
Јовица Јанковиќ (ЛК Карпош)
Генерален секретар:
Атанас Петков (ЛК Кавадарци)
Организационен секретар:
Ангел Мијајлевски (ЛК Кисела Вода)
Секретар за меѓународна соработка:
Елеонора Аневска (ЛК Гази Баба)
Потпретседатели:
Виктор Ѓошев (ЛК Аеродром)
Јана Игнатова (ЛК Кочани)
Мартин Миладиноски (ЛК Кичево)
Бојан Цветаноски (ЛК Прилеп)
Членови на Извршен одбор:
Воислав Попоски (ЛК Вевчани)
Деа Цамовиќ (ЛК Центар)
Андреј Лозановски (ЛК Македонски Брод)
Валерија Стојанова (ЛК Македонска Каменица)
Здравко Димитров (ЛК Виница)
Нена Николова (ЛК Струмица)
Михаил Китевски (ЛК Охрид)
Ленче Ѓорѓиева (ЛК Чашка)
Мартин Ангеловски (ЛК Пробиштип)
Ангела Аврамоска (ЛК Гостивар)
Христијан Божиновски (ЛК Куманово)
Магдалена Стамболиска (ЛК Крива Паланка)
Милан Димитријевиќ (ЛК Неготино)
Бојан Михаиловски (ЛК Делчево)
Марија Николова (ЛК Кисела Вода)
КОНТАКТ:
Тел: +389 2 3293100
Факс: +389 2 3293111
Mail: sdmm@sdsm.org.mk
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Северна Македонија