Програма на Влада 2017 – 2020

Врз основа на добиените резултати на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември 2016 година, политичките партии што освоија мнозинство пратенички места во Собранието на Република Македонија донесоа одлука за создавање парламентарно мнозинство со цел формирање Влада на Република Македонија.

Политичките партии даваат целосна подршка за формирање на Владата на Република Македонија со мандат да ги реализира политичките определби во оваа

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ВЛАДАТА 2017-2020

Парламентарното мнозинство, силно посветено на зацврстувае на унитарноста,суверенитетот и стабилноста на Република Македонија ја декларира својата силна политичка волја за формирање на реформска влада која ќе се фокусира на заедничките стратешки приоритети на Република Македонија, членство во НАТО и Европската унија и ќе обезбеди брзо и одржливо надминување на политичката криза преку обезбедување реална поделба на власта, функционирање на правната држава и градење
на силни и професионални институции.

Политичките партии даваат целосна поддршка за формирање на Владата на Република Македонија која, целосно почитувајќи го Уставот на Република Македонија и нејзините меѓународни обврски, ќе работи на обединување на сите политички сили зад платформата за европска и евроатланска Република Македонија. Политичките приоритети на Владата ќе се потпрат врз препораките од Извештајот на Прибе, како и итните приоритети дефинирани од Европската унија.

Ваквата реформска агенда ќе ги овозможи заедничките цели кои ги споделуваат граѓаните на Република Македонија: подобар живот на сите граѓани, развој на економијата, враќање на демократијата, владеење на правото и на правдата, еднаквост на граѓаните, ефикасни институции, квалитетно образование и здравство, како и подобрување на меѓународниот углед и позиција на Република Македонија.

Прочитајте ја целосната програма на следниот линк.