Од референдумот во 1991, година кога граѓаните се изјаснија дека сакаат да живеат во суверена и независна Република Македонија, сега Република Северна Македонија, СДСМ одговорно се посвети на изградба на институциите во земјата и почна да го отвора патот на Македонија, сега Република Северна Македонија, кон светот.
Градевме и градиме мостови меѓу граѓаните во земјава, независно од какви било различности. Знаеме дека само заедно можеме да ги оствариме стратешките цели, интеграција на Северна Македонија во Европската унија и НАТО.
Градевме и градиме мостови меѓу Република Македонија, сега Република Северна Македонија, и државите од светот. Знаеме дека интерес на граѓаните на Северна Македонија е меѓународна соработка што отвора нови пазари и нови можности за луѓето и компаниите, и безбедносна стабилност за земјата.
Заедно со граѓаните ги продолжуваме политиките на мостови на внатрешен и меѓународен план.
Плод на нашата определеност кон државните интереси и интересите на граѓаните на Северна Македонија се бројни успеси на меѓународен план коишто се поврзани со времето кога СДСМ ја има честа да ја води државата.
На 14 декември 1992 година, само три месеци откако е формирана првата политичка Влада во независна Македонија, сега Република Северна Македонија, што ја раководи СДСМ, Република Македонија, сега Република Северна Македонија, стана членка на Меѓународниот монетарен фонд.
На 8 април 1993 година Република Македонија, сега Република Северна Македонија, стана рамноправна членка на Обединетите нации. (Резолуција на Генералното собрание A/RES/47/225).
Овој датум ја постави Северна Македонија на меѓународната сцена, како држава членка на меѓународната заедница, рамо до рамо со земјите од светот.
Претседателот Киро Глигоров, се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации на македонски јазик.
На 12 октомври1993 година Народна Република Кина воспостави дипломатски односи со Република Македонија, сега Република Северна Македонија.
На 16 декември 1993 година, со размена на официјални документи, во Скопје, шест земји членки на ЕУ:ВеликаБританија, Германија, Франција, Италија, Холандија и Данска, воспоставија целосни дипломатски односи со Република Македонија, сега Република Северна Македонија.
Две години подоцна, на 12 октомври 1995 година Република Македонија, сега Република Северна Македонија, стана членка на Организација за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
На 9 ноември 1995 година Република Македонија, сега Република Северна Македонија, стана членка на Советот на Европа, водечка организација за човекови права.
На 13 септември 1995 година Република Македонија, сега Република Северна Македонија, воспостави дипломатски односи со Соединетите Американски Држави.
Во ноември 1995 година Република Македонија, сега Република Северна Македонија, стана рамноправна членка на иницијативата на НАТО, Партнерство за мир.
Во јуни 1996, со размена на дипломатски ноти меѓу Владите на Република Македонија, сега Република Северна Македонија, и Соединетите Американски Држави беше потпишан СОФА договорот, којшто го регулира статусот на силите меѓу земјите членки на Алијансата и Партнерството за мир.
На 11 март 1996 година Македонија, сега Република Северна Македонија, е примена за 39 рамноправна членка во Северно-атлантскиот совет за соработка.
Од јануари 1997, Македонија, сега Република Северна Македонија, стана членка и на Процесот за анализа и планирање на НАТО (ПАРП).
Со тоа Северна Македонија го подигна нивото на соработка со Партнерите од Алијансата и се вброи во најсериозните земји кандидатки за членство во НАТО.
На 4 април 2003 година Република Македонија, сега Република Северна Македонија, стана членка на Светската трговска организација (СТО).
На 4 ноември 2004 година САД ја призна Република Македонија, сега Република Северна Македонија, под уставното име.
На 17 декември 2005 година Република Македонија, сега Република Северна Македонија, доби статус на земја кандидатка за членство во ЕУ.
Македонија, сега Република Северна Македонија, аплицираше за членство во ЕУ на 22 март 2004 година. Тогашната Влада предводена од СДСМ макотрпно работеше на потребните реформи и успехот дојде. На 9 ноември 2005 година, Европската комисија реши на Македонија, сега Република Северна Македонија, да и додели статус кандидатка. На 17 декември 2005 Претседателството на Европскиот совет во Брисел на Северна Македонија и додели статус земја кандидатка за членство во Европската унија.
Од 2006 година, откако се случи промена на власта, блокирани беа евро-атланстките интеграции на Северна Македонија, а државата и граѓаните се соочени со незапаметен пад на демократските процеси во земјата и систем на хибриден режим.
СДСМ во целиот период досега се обидува да ги врати процесите во нормала, а притоа да не наштети на стабилноста на граѓаните и државата.
На 24 декември 2012 година СДСМ заедно со другите опозициски партии и граѓаните се спротивстави на рушењето на парламентарната демократија во Собранието на СРМ, од каде што беа исфрлени новинари и пратеници со помош на полицијата, по налог на власта. Го организиравме движењето Отпор за да ги обединиме демократските и прогресивни сили во општеството.
На 9 февруари 2015 година, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го отворија историскиот проект Вистината за Македонија што создаде услови за нормализација на државата. Со незаконски снимените материјали што ги добивме од партиоти во УБК и ги обелоденивме во јавноста, ги потврдивме сите злоупотреби на актуелната власт, повреди на граѓаните, криминални избори, криминално-корупциски скандали, партизација на судството, медиумите, институциите, државниот систем. Резултат на ваквото владеење е целосна партизација и приватизација на државата којашто тесната група на власт ја одзеде од граѓаните и на овој начин се богати додека мнозинството граѓани осиромашува. Ова е причината што Република Северна Македонија, добива критички извештаи од ЕУ и не може да стане дел од меѓународното семејство. СДСМ со проектот Вистината за Македонија застана спроти насилното владеење и отвори пат за обнова и демократизација на Република Северна Македонија. Кон натпартиското, граѓанско движење што го поведовме се приклучија граѓански здруженија, невладини организации, поединци, експерти, граѓани, независно од каква било различност. Мобилизирана е општествената јавност. Тој процес е во тек. Тоа е веќе незапирлив процес.
На 17 мај 2015 по низа протести на средношколци, студенти, младински организации, се одржа дотогаш најголемиот натпартиски протест против насилното, сурово, криминално владеење на Никола Груевски, на којшто СДСМ заедно со граѓаните од сите вери и националности, заеднички кажаа “Оди си” на тогашниот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски и режимот кој тој го креираше.
На 17 мај 2015 цврсто решените борци за слобода и против режимското владеење на тогашната власт, се “преселија” во “Кампот на слободата” , каде во импровизирана населба со поставени шатори , незадоволните граѓани и СДСМ бараа заминување на Никола Груевски и таму осанаа до 16 јули.
На 2 јуни 2015 се донесе Пржинскиот Договор, како резултат на силното и јасно видливо незадоволство речиси на целокупната македонска јавност и секојдневните напори на СДСМ. Договорот од Пржино е потпишан од четирите водачи на најголемите парттии, СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, а со цел разрешување на политичкаа криза, предвиде враќање на СДСМ во парламентот, нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика предложени од страна на СДСМ и одржување на предвремени парламентарни избори.
На 30 декември 2015 преседателот на СДСМ Зоран Заев Заев ги предаде материјалите од незаконското следење на комуникациите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), формирано за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите.
На 11 декември 2016 година се одржаа предвремените парламентарни избори на коишто СДСМ освои 49 пратенички места.
“Почитувани граѓани, радувајте се, славете го животот. Режимот падна. Нека разбере целиот свет – Македонија испиша светска историја, падна режим со пенкало, со глас. Бидете среќни и горди. Ќе имате што да им кажете и на децата и на внуците. Јас се гордеам со вас. Македонија е среќна земја. Од денеска Македонија отвора нова страница, за европерспективи, со убава иднина за живот на сите нејзини граѓани.“ рече во своето обраќање пред Владата , претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
На 27 април 2017, по консулттациите за формирање Влада, во македонското Собрание се случи упад (познат и како „Крвавиот четврток“). Овој насилен инцидент беше предизвикан од околу 300 лица од здружението „За заедничка Македонија“. Овој ден ќе остане запамтен како најсилен удар врз демократијата. Во насилниот упад, покрај претседателот на СДСМ, беа сериозно повредени повеќе пратеници од СДСМ.
На 31 мај 2017 Собранието на Република Македонија со 62 гласа „за“ 44 „против“ и 5 „воздржан“ ја изгласа владата на предводена од лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Освен СДСМ во владата учествуваа албанските партии ДУИ со шест министри и АА со двајца министри. ВМРО-ДПМНЕ по 11 години на власт заминала во опозиција.
По формирањето на Владата на чело со СДСМ, целосно се трансформира политичкиот амбиент во државата си со крупни чекори се оди кон отварање на интегративните процеси во НАТО и ЕУ. СДСМ ја започнува иницијативата за средување на односите со соседите со што следуваше потпишување на Договори , на 1 август 2017 година за добрососедство и соработка со Република Бугарија и на 17 јуни 2018 на Преспанскиот договор со Република Грција.
На 30 септември 2018 година на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“ над 600 000 граѓани се изјаснија ЗА.
На 27 март 2020 , Република Северна Македонија и официјално станува 30 земја членка на НАТО.
За цело време откако СДСМ е на чело на Владата на Република Северна Македонија, редовно комуницира со граѓаните преку низа акивности, трибини, маалски средби, форуми и сл.
Претставнци на СДСМ одржаа над 600 маалски и урбани средби на коишто партијата редовно се информираше за секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, со цел креирање на реални политики во интерес на граѓаните.
Преку караванот граѓански трибини “На прав пат” во 2019 година, министри, директори и премиерот на државата, претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред граѓаните во буквално скеој град во државата, дадоа отчет за сработеното, и истовремено ги слушаа барањата и сугестиите на граѓаните со цел адаптирање на работата по потребите на населението.
По завршувањето на граѓанските трибини “На прав пат”, со стартот на 2020 година, започнаа програмските трибини “Агенда 20-24” на коишто во јавна дебата на којашто учествуваа експерти од различни области, беше утврдена рамка на проекти, преку коишто работата на владата предводена од СДСМ ќе се подобри уште повеќе во интерес на граѓаните и државата.
На 3 јануари 2020 , со цел одржување на предвремени парламенарни избори по барање на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, се формираше и почна да функционира техничка Влада, чијшто претседател беше потпретседатело на СДСМ, Оливер Спасовски. Закажаните избори на 12 април 2020 година, беа одложени поради светската пандемија предизвикана од Ковид 19.
Во март 2020 Република Северна Македонија се соочи со светска пандемија од Ковид 19 и по препораките на СЗО ги започна потребните здравствени мерки за справување со новонастанатата ситуација. Во услови на здравствена и економска криза, техничката Влада предводена од СДСМ, а во којашто членуваа и кадри како министри и заменици министри од ВМРО ДПМНЕ и покрај обидите за опструкции, успеавме успешно да ја менаџираме состојбата. Ковид 19, покрај здравствени предизвика и економски последици за што беше потребна навремена реакција со конкретни решенија за поддршка на сите погодени граѓани и компании. Во услови на криза, техничката Влада донесе економски пакет мерки, за субвенционирање на плати на работниците во компаниите кои претрпеа штети од коронакризата, како и за граѓаните кои останаа без работа, како и за невработените лица, граѓаните од социјално ранливите категории, средношколците и студентите и сите кои директно ги почувтсвуваа несаканите ефекти од кризата. Досега Владата предводена од СДСМ реализираше 4 пакети економски мерки, а во тек е и подготовката на петтиот економски пакет.
На 15 јули 2020, техничката Влада беше исправена пред предизвикот да организира предвремени парламентарни избори во услови на пандемија и успеа тоа да го реализира безбедно, согласно сите здравствени протоколи со цел да се заштити здравјето на граѓаните и на сите учесници во процесот. Во вакви услови СДСМ како партија беше пионер во организирање модерна, безбедна изборна кампања, со што успеа да допре до граѓаните и да им ја претстави претстави изборната програма. Под слоганот “Можеме! Уште повеќе, уште подобро” СДСМ, организираше низа трибини на отворени широки простори, со ограничен број на присутни, со почитување на сите мерки за заштита, држење дистанца од 2 метра, средства за дезинфекција на влезовите и носење маска.
На 15 јули 2020 СДСМ направи историска победа, носејќи победа на парламентарни избори за прв пат од позиција на власт. Победата на СДСМ преку довербата на граѓаните, беше потврда на позитивните политики на Владата предводена од СДСМ.
На 31 август 2020 беше формирана новата Влада на Република Северна Македонија на чело со претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој го доби вториот мандат како премиер.
Именувањето на градоначалникот на Штип, Благој Бочварски за министер за транспорт и врски, на локално ниво влеговме во процес на организирање избори за градоначалник на Штип, за што СДСМ со цел да ја претстави програмата на кандидатот за градоначалник, организираше здравствено безбедна кампања, и ги користеше модерни онлајн алатки за промоција на кандидатот, со вклучување во живо преку социјалноте медиуми.
На 13 декември 2020 СДСМ на предвремените избори за градоначалник на Штип, ја доби поддршката од граѓаните со што нов градоначалник на Штип е д-р Сашко Николов.
СДСМ е партија која победува и постојано се менува
Со измени на Статутот на 25 Конгрес, СДСМ донесе револуционњрна одлука со што оваа година претседател на СДСМ ќе бираат членовите, на непосредни внатрепартиски избори. Тоа се случува за прв пат во државата и со оваа измена уште повеќе се демократизира и европеизира СДСМ.
Социјалдемократски Сојуз на Македонија. Сите права се задржани