Потпретседатели

Јована Тренчевска

БИОГРАФИЈА:

Лични податоци
• Место на раѓање: Струмица, Република Северна Македонија
• Националност: Македонка

Формално образование
• Постдипломски студии, Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Филозофски факултет, Институт за социологија
• Социолог, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје

Работно искуство
• 2024-тековно -Пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија
• 2022 – 2024 година -Министерка на Министерството за труд и социјална политика
• 2020- 2022 година -Директорка на Државниот инспекторат за труд
• 2018-2020 -Државна секретарка во Министерството за труд и социјална политика
• 2018 -Раководителка на Одделение за родова еднаквост, Сектор за еднакви можности, Министерство за труд и
социјална политика
• 2003 -2018- Советничка за родова еднаквост, Сектор за еднакви можности, Министерство за труд и социјална
политика
• 2000-2003 година- Координаторка на Ресурсниот центар за унапредување на родовата еднаквост, Организација
на жени Струмица, (Програма на Македонскиот центар за меѓународна соработка)
• 1992 -2000 -Семико, дооел Струмица (приватна компанија)
Учесник на голем број меѓународни обуки, обуки за обучувачи и напредни курсеви од областа на недискриминацијата, еднаквите можности, родова еднаквост, родово одговорно буџетирање, насилство врз жени, стратешко планирање, подготовка на закони, жените во политика и сл.

Во текот на професионалната кариера координатор и член на работни групи за подготовка на стратешки документи, закони и подзаконски акти, координаторка на голем број проекти поддржани од меѓународни институции и организации, како и учесник во домашни и меѓународни тела.

Коавтор на повеќе публикации и анализи од областа на еднаквите можности и недискриминација и родова
еднаквост.

Познавање јазици
• англиски, српски

Александар Трајановски

БИОГРАФИЈА:

Доц. д-р Александар Трајановски е роден на 3 декември 1980 година во Скопје, Република Северна Македонијa, доктор по медицински науки, специјалист по ортопедија и трауматологија. Вработен е на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација и интензивно лекување – ТОАРИЛУЦ при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 2006 година. Специјализацијата по ортопедија ја завршил во 2012 година, а во 2019 година се стекнал со субспецијализација по трауматологија. Во 2021 година се стекнал со титула доктор на медицински науки со дисертација од областа на ендопротетиката на колк.

Во текот на својата кариера континуирано се усовршува во реномирани меѓународни центри, вклучувајќи ги Виена, Истанбул, Љубљана и Белград, како и преку напредни обуки за современи дигитални и роботски технологии во ортопедијата во Атина и Лариса, Грција.

Од 2020 до 2024 година е раководител на Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ – Скопје. Во 2021 година станува асистент на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а од 2023 година е избран во звање доцент на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Во својата професионална кариера е препознатлив по воведување нови медицински практики и иновации во здравствениот систем. Како лидер на тимови, учествува во реализација на повеќе пионерски зафати во македонското здравство. Во 2021 година е раководител на тимот кој ја изврши првата експлантација и трансплантација на коскено ткиво од починат донор кај жив пациент. Во 2022 година учествува во првата трансплантација на преден вкрстен лигамент од починат донор, а во 2023 година ја изведува првата операција на колено со роботска асистенција во здравствениот систем на Република Северна Македонија.

Од 2024 година е член на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ. На локалните избори во 2025 година беше кандидат за градоначалник на Општина Аеродром, со јасна визија за развој на локалната заедница и унапредување на квалитетот на животот на граѓаните. Во декември 2025 година е избран за потпретседател на СДСМ.