Нудиме нов развој на македонската економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал. Модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе генерира повисоки плати и подобри работни места. Модел што дава нови и подобри шанси за сите. Модел што нуди стабилност за нашите деца и идните поколенија.
Кризата предизвикана од корона-вирусот ја видовме како можност за брза трансформација на нашата економија. За граѓаните и за компаниите создадовме навремени мерки за справување со економските ефекти од кризата. Имаме држава што ги штити работните места. Новата македонска економија креира нови работи места за сите граѓани. Ние сме држава со пристојна живеачка, која се грижи за сите и во којашто сите заработуваме. Градиме систем што ги штити работниците и во кој трудот на работниците се вреднува и се плаќа. Плата од која ни останува и за живот. Градиме држава во која младите остануваат, придонесуваат и напредуваат. Држава во која младите ја гледаат својата иднина. Држава што инвестира во младите и ги развива рамо до рамо со нивните врсници од Европа.
Ние сме НАТО. Ја обезбедивме иднината на нашата татковина. Денес сме стабилни и безбедни. Не сме повеќе сами, дел сме од голем сојуз кој нѐ штити и во кој ни се слуша гласот. Европеизирањето ни носи ред, дисциплина, промена и иднина. Ја носиме Европа дома.
Балканската ѕвезда-водилка на дигитализацијата. Градиме дигитална инфраструктура што ќе ни ја вивне државата меѓу конкурентните, модерните. Време е за нова револуција, за дигитална револуција. Ги штедиме времето и парите на граѓаните со тоа што ги праќаме шалтерите во историјата.
Вложуваме во здравството и затоа имаме здравствен систем во кој услугите се достапни за сите. Лекарите и медицинските лица се мотивирани да се грижат за здравјето на македонските граѓани, а здравствените услуги ги добива секој, подеднакво брзо и квалитетно. Капацитетите во здравството, клиничките центри, болниците, амбулантите се во постојан развој.
Расчистуваме целосно со груевизмот и неговите остатоци во судството. Сета сила и енергија ја вложуваме во воведувањето ред, еднаш и засекогаш. Правиме држава во која виновниците се казнуваат, а праведните напредуваат.
Преземаме храбри чекори за заштита на природата. Си ги чистиме земјата, водата и воздухот од негрижата. Влогот во еколошката одржливост е влог во иднината. Го менуваме загадувањето со сончева енергија и гас.
Создаваме средина во која младите ќе го јакнат претприемачкиот дух, иновациите и креативноста. Општество што поттикнува користење на талентите и вештините за подобрување на системот.
Социјалдемократски Сојуз на Македонија. Сите права се задржани