Форум на жени

СДСМ беше првиот политички субјект во Република Северна Македонија и меѓу првите во регионот што воведе поттикнувачки механизми за рамноправна застапеност на двата пола во органите и телата на Партијата.

Овие механизми, како докажани и успешни, потоа беа пресликани и во изборната регулатива, што денес ни овозможува гордо да кажеме дека еден од врвните социјалдемократски принципи – родовата еднаквост, се применува и во Република Северна Македонија.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ФОРУМ НА ЖЕНИ НА СДСМ

Каја Шукова

 

БИОГРАФИЈА:

Каја Шукова е родена на 1 јануари 1970 година во Скопје, Република Северна Македонија.

Дипломирала во Скопје во 1995 година на Технолошко – металуршкиoт факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” и се стекнала со звање дип.инж.технолог.

По неколку години работа во индустрија и приватен сектор, својот ангажман во Министерството заживотна средина и просторно планирање го започнува во 1998 година, кога истото и се формира.

Работи на неколку работни позиции, а во 2001 година станува Раководител на сектор за одржливразвој и инвестиции. Во периодот 10.2020 до 02.2022 ја извршува функцијата Државен секретарпри министерството, а во периодот 03.2022 до 06.2024 Министер за животна средина и просторнопланирање. Во јуни 2024 год повторно е на позицијата Раководител на сектор.Во текот на долгогодишната кариера во министерството учествува во голем број на процеси,креирање на политики и реализација на проекти, како и:

– Управување и планирање на животната средина (Управување со проектен циклус)
– Подготовка на законски акти, хармонизација со ЕУ, процес на скрининг и преговори
– Управување со животната средина во насока на одржлив развој и заштита на воздух, води,почви и природни ресурси од загадување (во корелација со политиките на секторите енергетика, транспорт, земјоделие итн)
 – Развивање на политики, програми и проекти од областа на животна средина и одржливразвој
– Координација на институционални проекти од областа животна средина, со особен акцентна управување со води и отпад (стратегии, планови, програми и проекти)
– Координација на капитални инфраструктурни проекти од областа животна средина, со особен акцент на управување со води (водоводи, филтер станици, канализации и пречистителни станици) и отпад (регионално управување со отпад)
– Координација на институционални проекти од сегментот одржлив развој во Македонија
– Соработка со локална самоуправа, планирање и развивање на програми и проекти за унапредување на животната средина на локално ниво (во соработка и со други инволвирани партнери како АДКОМ, ЗЕЛС, Центри за развој на плански региони)
– Учество во процеси за унапредување на комунални дејности (законски решенија, проектиза идентификување на проблемите и унапредување на комуналните дејности)
– Подготовка на работни задачи, тендерски досиеја, анализи, извештаи и останати работнидокументи од областа животна средина (институционални и инфраструктурни проекти)
– Фасилитирање на работилници, семинари, обуки, јавни дебати и сл.

Има доквалификации и обуки во управување и подготовка на проекти, проектен циклус, проектенменаџмент, лидерско управување – управување со води, локални обуки од областа управување соживотна средина, администрација.

Извршувала повеќе партиски функции од 2020 година, како Претседател на комисија за животнасредина, потпретседател на СДСМ, а во моментов е Претседателка на Форумот на жени на СДСМ.

 
ЗАМЕНИК-ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ФОРУМ НА ЖЕНИ НА СДСМ
ГЕНЕРАЛНА СЕКРЕТАРКА НА ФОРУМ НА ЖЕНИ НА СДСМ
ИЗВРШЕН ОДБОР НА ФОРУМ НА ЖЕНИ НА СДСМ
РЕГИОНАЛНИ ПРЕТСЕДАТЕЛКИ НА ФОРУМ НА ЖЕНИ НА СДСМ
ПРЕТСЕДАТЕЛКИ НА ОПШТИНСКИТЕ ФОРУМИ НА ЖЕНИ НА СДСМ

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 1

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 2

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 3

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 4

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 5

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 6