
Јон Фрчкоски
БИОГРАФИЈА:
Рената Младеновска

БИОГРАФИЈА:
Родена 1989 година.
Основно и средно образование завршила во Скопје.
Во 2014 година дипломирала на Медицински факултет, Универзитет Св.Кирил и Методиј Скопје. Во текот на студирањето има остварено повеќемесечен престој во повеќе Европски земји за доедукација.
Во учебната 2014/2015 година се запишува на Постдипломски студии од областа на Здравствен менаџмент на Факултетот за менаџмент при Универзитетот МИТ, Скопје. Во 2016 година по завршувањето на Постдипломските студии се здобива со академско звање Магистер по здравствен менаџмент.Во учебна 2015/2016 година на Медицински Факултет при Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје се запишала на Специјалистички студии по предметотХигиена со здравствена екологија и се здобила со назив Специјалист по хигиена издравствена екологија.
Во 2021 година е избрана за Асистент на Катедра по хигиена при Медицински Факултет, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј”- Скопје.
Во 2022 година е именувана од Владата на Република Северна Македонија за Директор на Државен санитарен и здравствен инспекторат.
Во 2026 година на Медицински Факултет, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј”- Скопје завршува Докторски студии по Јавно здравство и ја одбранува Докторската дисертација со наслов ,,Јавноздравствено значење на заразни болести поврзани со небезбедна храна во РСМ” и се здобива со академско звање, Доктор на науки од областа на јавното здравство.
Има објавено стручно-научни труда во меѓународни списанија и публикации и добиено Сертификати за учество во работилници, конгреси, семинари, итн.
Издадена Публикација на авторизирани предавања за безбедност на храна и HACCP контролен систем.
Член e на Специјалистичко Здружение по хигиена во Македонско Лекарско друштво и Македонско здружение за исхрана и здравје.Активно користи Англиски јазик, и се служи со Албански јазик.
Вработена е во ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, Шеф на Отсек за исхрана на Одделението по хигиена.
Андреј Жерновски
БИОГРАФИЈА:
Дејан Николовски
БИОГРАФИЈА:
Агрон Демири
БИОГРАФИЈА:
ПРОФИЛ
За постигнување на колективен успех и влијание за подобрување на општеството, Агрон Демири придонесува во заедницата за подобар и поактивен живот во социјалната сфера и граѓанска активност. Со фокус на образованието, лидерството и стратешките делови, тој го постигнува својот влијателен импакт во македонската заедница.
ОБРАЗОВАНИЕ
Гимназија Кирил Пејчиновиќ (2014 – 2018)
Универзитет на Југоисточна Европа (УЈИЕ)
Дипломиран по Меѓународни Комуникации (Окт 2018 – Јун 2021)
Дипломиран по Право (Окт 2019 – Јун 2023)
Магистер по Право , Кривично Право (Окт 2023 –март 2025)
РАБОТНО ИСКУСТВО
Практикант во Канцеларија на Секретарот ОУ Љуѓ Ѓуракуќи (Окт 2017 – Окт 2018)
Член на Студентски Парламент и Асоцијација на ЈИЕУ (Окт 2018 – Ное 2022)
Претседател на Студентскиот Парламент и Асоцијација (Јан 2020 – Јан 2022)
Член на Сенатот на УЈИЕ (Мар 2019 – Јан 2020)
Член на Ректорска управана УЈИЕ (Фев 2020 – Јан 2022)
Советник во Оддел за Европска Унија и Меѓународна Соработка во Министерството за Внатрешни Работи (Мар 2023 – Апр 2023)
Советник во Оддел за односи со јавност и стратешки прашања во Министерството за Внатрешни Работи (Апр 2023 – Дек 2023)
АД Електрани на РСМ- Оддел за правни работи- Сектор за правни и општи работи- Јан 2024- продолжуваа
ВЕШТИНИ
Организациски вештини, Меѓународни Односи, Лидерство, Менаџмент, Стратегиско Планирање, Јавни Односи, Комуникација, Истражувачки вештини, Аналитички вештини, Тимска Соработка
Филип Андов
БИОГРАФИЈА:
Симона Цветановски

БИОГРАФИЈА:
Родена на 26.11.1994 година. Магистер по правни науки со положен правосуден испит, со професионално искуство стекнато како приправник во Основен суд Штип, Апелационен суд Штип и Основен суд Радовиш (2017–2020).
Кариерата ја продолжува како правник во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш, а во периодот 2023–2024 година ја извршуваше функцијата директор, каде покажа одлучност, резултати и јасна визија за унапредување на здравствениот систем.
Активен член на СДСМ од 2012 година, со континуиран подем во партиските структури – од младинско раководство до член на Извршниот одбор на ОО СДСМ Радовиш, како и член на Централниот одбор од 2020 година и Извршниот одбор од 2025 година. Во 2024 година беше кандидат за пратеник, како дел од новата генерација политичари кои носат енергија, знаење и одговорност. Има значајно искуство во изборни процеси како секретар на ОИС и како координатор на советничка група (2021–2024), како и активен придонес во ИТ секторот (2017–2024), со фокус на дигитализација и транспарентно управување.
Се залага за силни институции, правна држава и конкретни резултати за граѓаните со јасна определба за работа, одговорност и промени што се чувствуваат во секојдневниот живот.
Петар Огненовиќ
БИОГРАФИЈА:
Александар Наумоски

БИОГРАФИЈА:
Роден на 15.06.1977 година во Ѓорче Петров – Скопје, македонец.
Оженет, три деца, Дарија, Мирјана и Јаков.
Член на СДСМ од 1994 година.
Образование:
Правен факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, насока граѓанско право.
Положен правосуден и нотарски испит.
Магистeр по уставно право на правниот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и
Методиј“ во Скопје-Извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во
Стразбур.
Јазици: Англиски јазик, основни познавања на францускиот јазик.
Професионална обука:
Студиска посета на институциите при Советот на Европа, Франција, Стразбур;
Студиска посета на Владиниот агент на Република Чешка, Прага;
Обуки за примена на Европската конвенција за човекови права – преку ОБСЕ, ТАЕКС
програмата при ЕУ, со судии при Европски суд за човекови права и Академијата за
обука на судии и јавни обвинители;
Студиска посета на Владиниот агент на Велика Британија, Лондон.
Професионална кариера:
2001–2004, адвокатски приправник
2002– 2003, регулирана воена обврска – Воено воздухопловство при Армијата на
Република Македонија (Воздухопловен ВИНГ);
2004–2005, Централен регистар – Едношалтерски систем – советник на генералниот
директор за правни прашања;
Агент за продажба на полиси за животно осигурување;
2006–2011, Министерство за правда – соработник во Секторот за поддршка на
Владиниот Агент, застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за
човекови права во Стразбур и извршување на одлукте на Европскиот суд под надзор
на Комитетот на министри при Советот на Европа.
Секретар на повеќе работни групи за изготвување на закони;
Член на Комитетот за подобрување на постапките за заштита на човековите права при
Советот на Европа (DH-PR) 2008;
2011-2013, Еуролинк осигурување АД Скопје, ликвидатор на штети по зелена карта;
2013, Извршен директор на АД УГОТУР Скопје;
2017, Приватен стопанственик;
2026-Адвокат.
Партиска кариера:
Член на ИО на Градската организација на СДММ – Скопје – ракoводител на Сектор
студенти 1997;
Член на ИО на ЦО на СДММ – раководител на Сектор студенти 1997-1999;
Член на редакцијата на младинскиот весник “Демонстрант“ 1998;
Заменик член на ИО на ЦО на СДММ – Сектор односи со јавност и маркетинг 1999-
2001;
Член на Правен комитет на СДСМ 1999;
Заменик член на ИО на ЦО на СДММ – Сектор за меѓународна соработка 2001 – 2003;
Член на Претседателството на Градската организација на СДСМ – Скопје 2000 – 2004;
Потпретседател на Градската организација на СДСМ – Скопје 2004 – 2005;
Член на Надзорниот одбор на СДСМ 2006 – 2009;
Потпретседател на Градската организација на СДСМ – Скопје 2014;
Член на Комисијата за локална самоуправа – 2016;
Член на Извршниот одбор на Централниот одбор на СДСМ – 2026;
Јавни функции:
Заменик член на ОИК Ѓорче Петров – Локални избори 2000;
Член на ОИК Ѓорче Петров – Локални избори 2005;
Член на Советот на општина Ѓорче Петров 2005 – 2009;
Член на Советот на Град Скопје 2009 – Заменик координатор на советничката група;
Кандидат за Градоначалник на општина Ѓорче Петров на Локалните избори 2013;
Директор на КПУ ЗАТВОР – СКОПЈЕ 2017;
Градоначалник на општина Ѓорче Петров на Локалните избори 2017-2021;
Заменик претседател на Скопскиот плански регион 2020;
Член на Националниот совет за евроинтеграции номиниран од ЗЕЛС 2020;
Претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата 2022-2025.
Георги Трајчев
БИОГРАФИЈА:
Бислимовски Андреј
БИОГРАФИЈА:
Скопје, Северна Македонија
E-пошта: abislimoski@yahoo.com
Датум на раѓање: 02.06.1983
Брачен статус: Женет, татко на две деца
ОБРАЗОВАНИЕ
1998 – 2002
ДСУ Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ – Скопје
Природно-математичка насока
2002/03 – 2006/07
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Правен факултет „Јустинијан Први“
Дипломиран правник
РАБОТНО ИСКУСТВО
Мај 2007 – Септември 2009
Адвокатска канцеларија Љубомир Михајловски
Адвокатски приправник
Октомври 2009 – 2021
Адвокатска канцеларија Љубомир Михајловски
Адвокат
Јануари 2021 – денес
Самостојна адвокатска канцеларија
Адвокат
ВЕШТИНИ
Англиски јазик: одлично читање, пишување и говор
Одлични организациски и аналитички способности
Изразени комуникациски вештини и способност за тимска работа
Работа во мултиетничка средина
Високо ниво на доверливост и професионална етика
Наташа Поповиќ
БИОГРАФИЈА:
Драган Крајовски

БИОГРАФИЈА:
Драган Крајовски е дипломиран правник и адвокат од Битола со долгогодишно искуство во областа на правото и јавната администрација. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во 2011 година го положил правосудниот испит. Магистер е по кривично право, со магистерски труд на тема „Постапката пред Меѓународниот кривичен суд и трибуналите“.
Професионалната кариера ја започнал во 2012 година како самостоен адвокат. Во периодот од 2017 до 2024 година ја извршувал функцијата директор на КПУ Затвор Битола.По разрешувањето од директор повторно се враќа во адвокатура. Во текот на кариерата учествувал на повеќе обуки и меѓународни програми поврзани со правниот систем и реформите во казнено-поправните институции, меѓу кои и проекти поддржани од институтот Olof Palme од Шведска.
Политичката кариера му започнува во 2007 година со зачленување во СДСМ и станува дел од Локалниот клуб на СДММ во Битола.Во 2014 година станува претседател на Локалниот клуб на млади во Битола се до 2019 година.Во 2017 година е избран за член на ЦО на СДСМ а во 2022 е избран за претседател на ОО СДСМ во Битола и оваа функција ја извршува до 2024 година
Покрај мајчиниот македонски јазик, активно го користи и англискиот јазик.
Соња Стаменкова
БИОГРАФИЈА:
Слободен Чокревски

БИОГРАФИЈА:
Образование
• Магистер по ветеринарна епидемиологија – Факултет за ветеринарна медицина, Скопје (2009)• Доктор по ветеринарна медицина – Универзитет во Белград (1986–1992)
Тековна позиција
• Меѓународен експерт за идентификација и регистрација на животните, проект на Светска Банка WB во Република Узбекистан.
• PVS експерт на Светската организација за здравје на животните WOAH
Клучни професионални искуства и квалификации
• Директор на националната ветеринарна служба на Република Северна Македонија (2002 до 2006).
• Директор на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија (2019 до 2024).
• Меѓународен експерт на Светската организација за здравје на животните WOAH, Светската здравствена WHO, Светската банка WB и ЕУ со работно искуство на проекти во повеќе од 30 земји на сите континенти во светот.
• Асистент на Факултетот за ветеринарна медицина, Скопје (1993 до 2024)
• Основач и конвивиум лидер на Слоу Фуд (Slow Food) Македонија (2005 до денес)
Политичка кариера СДСМ
2001 до 2023 Член на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, учесник во повеќе изборни штабови и предизборни активности на СДСМ.
2004 до 2008 Претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија
2002 до 2016 Учесник во изготвувањето на сите изборни програми на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во областа на земјоделството, шумарство и водостопанство и програмата на СДСМ Решенија за Македонија.
2026 март Член на ИО и ЦО на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија
Богданка Кузеска
БИОГРАФИЈА:
Тања Илијовска
БИОГРАФИЈА:
Рубин Земон

БИОГРАФИЈА:
Рубин Земон, e дoктор по етнологија или социо-културна антропологија, роден е во Струга,Северна Македонија, на 25 октомври 1970 година.Бил научен соработник во Институтот засоцијални и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“ во Македонија, универзитетскипрофесор на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Во 2016 година е назначен задиректор на Институтот за социјални и хуманистички истражувања на Универзитетот Евро-Балкан во Македонија. Во моментов е директор на Центарот за напредни истражувања воМакедонија и научен соработник во Институтот за напредни студии, Козег, Унгарија.Советот на Европа, како и ОБСЕ/ОДИХР, на неколку пати го ангажирале како експерт/консултантза разни мисии, проекти и прашања поврзани со националните малцинства имултикултурализмот, во различни европски земји.
Имал успеша спортска кариера како ракометар во Македонија и странство.
Од 2013 година, тој секоја година ја иницира и ја организира како претседател на Програмскиоткомитет на годишната Меѓународна конференција за културно наследство, туризам и медиуми,која традиционално се одржува во Охрид за време на прославите на Водици, на која присуствуваат околу 100-тина научници и професионалци од целиот Свет.
Во 2018 година, тој беше назначен за посебен советник на премиерот на Република Македонија за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурни комуникации. Одтаа позиција, тој ја иницираше и првично ја водеше подготовката на Националната стратегија на владата за развој на концептот на Едно општество и интеркултурализам, што всушност е првата таква државна стратегија за интеркултурализам во Европа.
Тој беше пратеник во Собранието на Република Северна Македонија во период од 2019 до 2020 година.
Како претседател на политичката партија ПОЕН, која беше лојален коалиционен партнер на коалицијата предводена од СДСМ од оснивањето во 2016 година, на 22.01.2026 година усвоија одлука да истата се припоји кон СДСМ со што Рубин Земон стана и член на ИО на СДСМ.