fbpx

Портпарол

Портпароли на СДСМ

Богданка Кузеска

Биографија на портпаролката Богданка Кузеска

Богданка Кузеска е долгогодишна новинарка во печатени и електронски медиуми.

Својата медиумска кариера ја започнува од нејзина рана возраст, кога за прв пат на 13 години води и уредува своја сопствена емисија на државното радио Струга, за подоцна да продолжи во приватни радио станици, каде континуирано работи повеќе години.

Во 2004 година станува дел од редакцијата на дневниот весник “Шпиц”, за подоцна во 2006 година да ја продолжи својата кариера во националната телевизија Канал 5 , каде работи на теми поврзани со корупција и криминал и како новинар – репортер известува за состојбите во правосудството, одбраната и внатрешните работи.

Во 2010 година својата работа ја продолжува во А1 телевизија каде останува се до нејзиното насилно затворање во 2011 година.

Истата година, се приклучува на редакцијата на тогаш новоотворената телевизија ТВ 24, каде работи како новинар и уредник, а од 2013 и главен и одговорен уредник.

Во меѓувреме е соработник во британската новинска агенција CEN, преку којашто соработува со реномираните електронски изданија на Daily Mail и MailOnline, Guardian, the Mirror, Metro, the Sun и др, а во 2014 година започнува со работа во центарот за комуникации на СДСМ.

Во текот на новинарската кариера учествувала на повеќе обуки и семинари во државата и надвор од неа, организирани од меѓународни институции и амбасадата на САД, од областа на борбата против корупцијата и криминалот, истражувачко новинарство, етика во работењето, како и обуки организирани од Reuters за објективно, непристрасно и професионално известување.

Кузеска е дипломиран политиколог, а поседува диплома од Данската школа за новинарство и Македонскиот институт за медиуми, од кој денес произлегува акредитираната високобразовна институција „Висока школа за новинарство и односи со јавност“.

Зборува англиски и италијански јазик, а има солидни познавања од албански и шпански јазик.

Таа е сопруга и мајка на две деца.

Контакт информации на портпарлката на СДСМ, Богданка Кузеска:

Телефон: +389 (0) 77 543 846

Е-маил адреси: bogdanka.kuzeska@sdsm.org.mk

FB: Богданка Кузеска

Twitter: https://twitter.com/BoKuzeska

Дарко Каевски

Биографија на портпаролот Дарко Каевски

Роден е во 1989 година во Скопје.

Магистрирал на Правниот факултет во Скопје, а во моментов е на докторски студии на државниот УниБит во Република Бугарија.

Во 2020 година е избран за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, а од 2022 година е избран за потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа и шеф на македонската делегација.

Од 2017 до 2020 година ја извршува функцијата директор на Агенција за млад и спорт.

Каевски долги години беше дел од Младината на СДСМ, а во периодот од 2018 до 2020 година беше претседател на СДММ.

Течно зборува англиски јазик.

Оженет и татко на едно дете.

Контакт информации на портпарлот на СДСМ, Дарко Каевски

Телефон: +389 (0) 78 235 656

Е-маил: darko.kaevski@sdsm.org.mk

FB: https://www.facebook.com/dkaevski

Twitter: https://twitter.com/DKaevski

Покрај портпаролот на СДСМ, за информации, политички ставови и други прашања од интерес на јавноста, на медиумите и медиумските работници на располагање им стојат и лицата задолжени за односи со јавноста во Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ:

Александар Поповски, координатор на Центарот за комуникации на СДСМ
Телефон: +389 (0) 71 231 153
Е маил: aleksandar.popovski@sdsm.org.mk

Социјални мрежи