mchi

Прес

Ременски: Со изборот на Пендаровски конечно добивме вистински претседател кој обединува и води напред

dbi

12.05.2019

Изјава за медиуми,
Фросина Ременски, пратеничка и потпретседателка на СДСМ
Скопје, 12.05.2019

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

По цели десет години, добивме вистински претседател на сите граѓани, избран на слободни, фер и демократски избори.

Убедени сме дека претседателот Пендаровски ќе води напред, ќе биде водилка на напредокот, развојот, интеграцијата во ЕУ и НАТО и гарант на процесите кои обезбедуваат сигурна и стабилна иднина.

Меѓу првите чекори кои што ги очекуваме и кои што беа јавно најавени, очекуваме да ги потпише блокираните закони кои се од исклучителна важност за граѓаните.

Зад претседателот Пендаровски застанаа граѓаните од сите етнички заедници во земјава и тоа е демократска вредност која го јакне заедништвото и ја претставува нашата мултиетничка земја.

Со изборот на Пендаровски очекуваме претседателот да ги обединува и да ги сплотува граѓаните.

Претседателот Пендаровски треба да биде коректив на власта, да укажува на евентуални грешки и со своето делување да биде пример за домашната и меѓународната јавност.

Со изборот на претседателот Стево Пендаровски се заокружуваат демократските промени во нашата земја. Режимот е целосно поразен.

Се става крај на едно цело лошо извршување на мандат претседател на државата.

Заврши едно негативно поглавје од нашата историја обележано со молк за важните прашања, промовирање на поделби помеѓу граѓаните, тензии, дискриминација и поддршка единствено на криминалните политики на режимот.

Се стави крај на уништувањето на угледот на државата, на ударите врз правниот систем и врз демократските процеси.

Со изборот на Пендаровски завршува блокирањето на напредокот на државата на патот кон ЕУ и кон НАТО.

Продолжуваме напред.

Во интерес на граѓаните, државата и нејзината сигурна иднина, нека е честит почетокот на мандатот на претседателот Пендаровски.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени