fbpx

Граѓани, еве какви апсурдни и срамни амандмани даваат ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, за да го блокираат Собранието!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата

Почитувани,

Опозицијата во Собранието предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со неодговорно, несериозно однесување, на штета на граѓаните и институциите.

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, но и целокупната опозиција во Парламентот не сакаат функционално Собрание и продолжуваат со својата деструктивност да работат директно на штета на граѓаните.

Тоа е срамно и неодговорно однесување, тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. Секогаш да ставаат сопки и дејствува на штета на државата и институциите.

Наместо највисок законодавен дом каде се носат мерки и политики во интерес на државата и граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и опозициските пратеници по секоја цена се обидуваат од Собранието да направат циркуз, место за нивна забава.

Никако поинаку не можат да се толкуваат бројните несериозни, безобразни и апсурдни амандмани поднесени на предлог измените и дополнувањата на Деловникот за работа на Собранието.

Еве прилика, јавноста, граѓаните, да слушнат до кој степен е навлезена несериозноста и безобразноста кај пратениците од опозицијата.

Во еден од амандманите се вели дека За време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата на Собранието од далечина, да имаат бојадисано јајце пред камера.

Замислете до каде оди оваа дрскост. Пратениците кои се борат со вирусот, пратениците кои се во изолација поради позитивни членови на нивните семејства, кои не знаат дали ќе го победат вирусот, кога ќе бидат приклучени онлајн да покажат бојадисано јајце.

Ова не само што е потсмевање кон пратениците кои се соочуваат со коронавирусот, ова е и поигрување со чувствата на верниците.

Понатаму, во дел од амандманите се вели, пратениците кои учествуваат во работата од далечина да не смеат да носат, внимавајте, облека со обележја на автомеханичарски салони и месарници, да не смеат да носат џемпери затоа што, замислете, тоа било навреда за Собранието..

Ова не само што е навреда на луѓето кои чесно си го заработуваат својот леб, затоа што облеката не го чини човекот, туку е и девалвирање на целото собрание.

Понатаму, бројни амандмани се околу стапувањето на сила на измените. Па и тука опозициските пратеници се препуштиле на дрскоста и безобразноста па во однос на стапувањето на сила поднесени се амандмани кои велат стапување на сила 40-тиот ден по влезот во ЕУ, па 41-виот, 42-иот и така натаму.

Додека државата, сите институции, здравствените работници, сите граѓаните се борат против коронавирусот, додека бојни категории граѓани, претпријатија, чекаат носење на важни закони за да добијат помош од државата, ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алтернатива и Алијанса овде во Собранието поднесуваат илјадници амандмани кои се со единствена цел – блокада на работата на Собранието.

Ова е класичен пример на понижување на Собранието, на погазување на интересите на граѓаните чии претставници сме.

Ова јавноста го гледа и ќе го цени.

Деструктивноста, антидржавното и антинародно однесување на опозицијата во Собранието, може да ја забави, но нема да ја спречи функционалноста на институциите.

Со и или без нив, граѓаните ќе добијат функционално Собрание посветено на реформите важни за државата и граѓаните.

Последни вести