fbpx

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните, Скопје е најдобар доказ за нивниот неуспех

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните, Скопје е најдобар доказ за нивниот неуспех

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Слободен печат“ истакна посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ги изневери очекувањата на граѓаните и наместо исполнување на ветеното граѓаните добија пиаровски меур од ветувања кој за една година пукнал.

„Граѓаните беа излажани, им ветуваа враќање на името, подобрување на преговорите со ЕУ, справување со криминал. Наместо тоа, добија нефункционален јавен превоз, пропаднато и нечисто Скопје и блокирани проекти. Гледајте што се случува со градот Скопје. Градоначалничката е кандидатка подржана од ВМРО-ДПМНЕ. Има ли по-пропаднат и по валкан град од Скопје, било каде, во регионот или во Европа? Не постои. Време е граѓаните да изберат чесни кандидати со јасна визија“ нагласи претседателот на СДСМ Филипче.

СДСМ е целосно подготвена за претстојните локални избори и дека фокусот е ставен на најдобрите кандидати со кредибилитет и доверба кај граѓаните додаде Филипче.

„Главната работа на која што бевме фокусирани изминатиот период е да ги идентификуваме нашите најдобри кандидати. луѓе кои што се признати и познати во своите средини и кои имаат легитимитет да излезат пред граѓаните со своето знаење и капацитет да влеат доверба, дека програмите кои што ќе ги ветат може да ги исполнат. Јас сум тука да гарантирам за нивниот чесен пристап и чесна работа“ изјави Филипче.

Тој нагласи дека СДСМ се бори за секоја општина и дека отвореноста кон граѓаните е клучен принцип на делувањето.

„Се бориме за секоја општина, со програми креирани според потребите на граѓаните. Нема да има затворени институции, секој ќе може да предложи, да укаже на проблеми, да биде слушнат. Се надевам дека граѓаните ќе го препознаат тој наш искрен и отворен пристап и ќе ги препознаат добрите програми, ќе ги препознаат добрите кандидати“ рече Филипче.

Во однос на советничката листа за Град Скопје, Филипче најави и силен тим кој ќе го предводи Катерина Цаневска поранешна новинарка која како искусен и долгогодишен новинар во скопската хроника е одличен познавател на состојбите и потребите на граѓаните на локално ниво.

„Имаме навистина добра листа за советници тоа се луѓе со знаење, искуство и кредибилитет. За носител ја планираме Катерина Цаневска, која ќе го предводи тимот што ќе ја исполни нашата програма за да Скопје, конечно, после четири години ВМРО-ДПМНЕ да заличи на современ град“ рече Филипче за Слободен печат.

Последни вести