Соопштение за јавност
Наместо да лажат во ВМРО-ДПМНЕ нека си го прочитаат законот за управување со отпад
ВМРО-ДПМНЕ повторно манипулира со фактите во обид да ја префрли одговорноста за нерешените еколошки проблеми во Скопје.
Во 2021 година, кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде локалната власт во Скопје, тие не ја прифатија понудената помош од владата на СДСМ за решавање на проблемите со отпадот, ниту за Вардариште, ниту за Дрисла.
Отпадот е локална надлежност и обврска на градоначалникот и општината, а не на државен секретар или министер. ВМРО-ДПМНЕ, како носители на локалната власт, имаа целосна одговорност за решавање на овие проблеми.
ВМРО-ДПМНЕ може да се обратат и кај нивниот коалиционен партнер Изет Меџити, кој може да им објасни, или кај Орце Георѓиевски, како претседател на ЗЕЛС и градоначалник веќе четири години. Па дури и нивната Данела Арсовска може да ги советува.
ВМРО-ДПМНЕ не треба да ги манипулира фактите и да ја префрла одговорноста на другите. Тие треба да се соочат со својата одговорност, да признаат дека не сакаат да преземат конкретни мерки за решавање на еколошките проблеми во Скопје ниту пак знаат.
Наместо заштита на граѓаните од труење, одбраа бизниси и лични профити.
СДСМ и Каја Шукова имаат готов план за воспоставување на систем за отпад, како би се спречиле вакви еколошки катастрофи.