fbpx

УХМР пак не ги предупредува граѓаните за особена опасност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

УХМР и надлежните институции повторно не дадоа никакво предупредување, ниту пак соопштија препораки заевентуални заштитни мерки за дождот што интензивно врне веќе втор ден.

Граѓаните немаат никакви информации колку литри дожд има наврнато на метар квадратен, каков е водостојот на речните корита, ниту дали има опасност од нови поплави во поплавените региони.

Незамисливо е УМХР и директорот на оваа инститиција во еден ист ден, денеска, да излезат со две различни информации, посебно ако се земе предвид дека токму поради потфрлувањето на институциите на Скопје му се случија поплави со најмалку 23 жртви.

Во утринската информација на УХМР, потпишана од директорот Оливер Ромевски нема никакво предупредување за опасност од врнежите!

Но на друг дел од веб-страницата на УХМР, на мапа што можете да ја видите во прилог, пелагонискиот регион е обоен со портокалова боја, што означува ОСОБЕНА ОПАСНОСТ!

Зошто Ромевски и УХМР ги оставаат граѓаните да толкуваат мапи?

Поради ненавременото информирање и предупредување од страна на УХМР и надлежните институции пред еден месец, граѓаните се уште не можат да си го вратат животот во нормала.

Исплива неспособноста и неодговорноста на власта на Никола Груевски и Коце Трајановски.

Заради сето ова, одговорност мора да има и ќе има.

По 11 декември доаѓа одговорна Влада со функционални институции на којашто врвен приоритет ќе и бидат потребите на граѓаните на Македонија.

 

Скопје, 07.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести