Соопштение за јавност
СДСМ: За навредите на Миленко кон жените бараме санкции и негово разрешување од ФК Вардар
Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на фемицид, кога растат насилствата и убиствата врз жени, кога мајки, сестри и ќерки живеат во страв поради неспособност на институциите, Миленко Неделковски, пуленот на ВМРО-ДПМНЕ си навреди и омаловажувања кон жените.
Денеска, тој си дозволи со навреди кон нашата сопартијка.
Не е ова прашање на политика туку на лична безбедност и почит кон жените.
Ваквото однесување на луѓето блиски до власта и ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш и најстрого да биде санкционирано.
Очекуваме јасна и недвосмислена осуда од сите граѓански здруженија, организации, медиумски асоцијации и јавни личности.
Очекуваме реакција и санкционирање од сите надлежни институции.
ВМРО-ДПМНЕ да не молчи туку да го осуди Неделковски бидејќи молкот е соучесништво, а премолчувањето значи охрабрување на насилството.
Бараме овој човек веднаш да биде разрешен од ФК Вардар. Најтрофејниот фудбалски клуб во државата не смее да си дозволи да има вакви личности. Ниту спортот, ниту спортските работници, ниту навивачите, граѓаните не заслужуваат човек кој шири омраза и навреди да биде претставник на клубот.
Најавуваме дека Форумот на жени на СДСМ ќе поднесе и соодветна пријава за овој случај. Ние нема да молчиме пред навреди, закани и омаловажувања кон жените.
За секоја жена, за секое семејство, за достоинствено општество.