Соопштение за јавност
СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се креатори на најтемниот партизациски мрак во историјата на државата
Мицкоски ли најде да зборува за департизација на администрацијата? Па токму тој и ВМРО-ДПМНЕ се синоним за партизација на институциите.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски само во првите 15 месеци спроведоа системско уништување на државните институции преку нивна брутална партизација.
На сите им е јасно како оди вработувањето во администрацијата – не е важна дипломата, не е важна стручноста, единствено важно е да имаш партиска книшка од ВМРО-ДПМНЕ.
Секоја позиција се партизира. Откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, нема институција која не е подложена на груба партизација, а тоа особено се засили во последниот период – токму пред претстојните локални избори.
Преку 700 огласи за вработување се распишаа леотово за вдомување и зголемување на партиската војска на ВМРО ДПМНЕ . МНАВ, Министерството за одбрана и уште десетина институции беа предмет на вработување на исклучиво партиски подобни лица.
Бројни примери за роднински и партиски вдомувања за кои нема крај. Семејството Андоновски е само еден во морето примери за партиско роднинските кадри вдомени на грбот на народот.
Таткото на Андоновски, Љупчо е советник, неговиот брат Игор е началник, додека Стефан е министер, сите во Владата на Мицкоски.
Сестрата на министерот за култура Љутков е вработена во Музејот во Велес во овој период.
Затоа, е Мицкоски последниот што може да зборува за „ефикасен јавен сектор“ и „департизација“.