fbpx

Стефан Васев: Имаме 10 клучни проекти за ефикасен и одржлив сообраќај во Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Стефан Васев: Имаме 10 клучни проекти за ефикасен и одржлив сообраќај во Скопје

Кандидатот за советник од советничката листа на СДСМ за Град Скопје, Стефан Васев, порача дека визијата за модерно Скопје значи ефикасен, безбеден и одржлив сообраќај.

„Имаме подготвен прецизен план за реализација на 10 клучни проекти, кои ќе го растоварат метежот, ќе го забрзаат движењето и ќе донесат нова поврзаност во градот,“ изјави Васев.

Во планот се опфатени изградба на нови мостови, надвозници и подземни коридори, како и проширување на главните булевари. Меѓу проектите се нова клучка кај „Словенија/Никола Карев“ со подобро поврзување кон обиколницата и Косово, подземен коридор – тунел кај „Лимак“, мост-близнак на постојниот „Обединети Нации“, надвозник кај „Крњево“, проширување на булеварите „Хасан Приштина“ и „Партизански одреди“, нов кружен тек кај „Транспортниот центар“ и модерна раскрсница кај трговскиот центар „Беверли Хилс“.

„Сите овие проекти се интегрирани со новиот БРТ-систем и вклучуваат безбедни пешачки и велосипедски патеки. Ова не се само сообраќајни решенија — ова е стратегија за поудобен, побрз и позелен град. Скопје мора да дише. Со овие инвестиции ќе го направиме тоа можно,“ нагласи Васев.

Последни вести