fbpx

Николовски: Ниски откупни цени, катастрофален откуп, задоцнет субвенции – ВМРО-ДПМНЕ го доведе земјоделството до распад

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Николовски: Ниски откупни цени, катастрофален откуп, задоцнет субвенции – ВМРО-ДПМНЕ го доведе земјоделството до распад

Владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што не вложува во земјоделството, туку свесно ги стопираше сите добри политики и мерки за развој, а последиците ги трпат илјадници земјоделци, нагласи пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски на денешната прес- конференција.

Николовски посочи дека за прв пат лозарите се оставени без поддршка од државата и во неизвесност дали ќе им се откупи родот.

„Бербата на грозјето веќе завршува, откупот е катастрофа. Не се објави производната цена, иако со новиот закон донесен од СДСМ обврска е до 15 јули да се објавува. Доцни како никогаш досега зелената нафта, како мерка воспоставена исто од СДСМ. Се укина авансната исплата на субвенции, што значи лозарите до крајот на годината нема да добијат предвреме 30% од субвенциите, ги укинаа грантовите и сите програми за малите земјоделци, но на големите фирми им дозволија да можат да добијат субвенции по 1 милион евра , исто како во времето на Груевски“, рече Николовски.

Тој посочи дека власта застана на страна на винариите, а не ги заштити лозарите.

„Се дозволи винариите да диктираат услови и цени, па затоа оваа година имаме за половина денар повисоки цени од лани. На винариите им се даде поддршка од 2 денари, а за прв пат се напушти концептот за поддршка на лозарите, не го прифатија предлогот на СДСМ за 3 денари субвенција за лозарите, рече Николовски.
При тоа тој посочи дека во моментов има над 22 милиони килограми неоткупено грозје, за што министерот Трипуновски повторно ги манипулира лозарите, најавувајќи дека наводно некоја нова винарија ќе го откупи вишокот.

„Трипуновски сега повторно манипулира со лозарите. Исто како во времето на Груевски кога имаше проблеми со откупот на грозјето.Да се потсетиме со проблемот на „Повардарие“ создаден од ВМРО ДПМНЕ, а решен од СДСМ – успеавме секој лозар да биде обештетен, Денес повторно има најава за некаква нова винаријата „Вардар“ која што ќе го откупела целиот вишок – винарија која последен пат откупувала во 2020 година, и винарија која воопшто го нема овој капацитет за да бидат откупени и платени овие количини,рече Николовски.

На прес-конференцијата Николовски укажа дека во секоја земјоделска гранка има проблем. Доцни исплатата на вториот дел од субвенциите по грло овца од Програмата за 2024 година- лани беа исплатени на 13 март, сега е 22 септември и се уште нема исплата. Како што кажа, со ВМРО ДПМНЕ на власт има рекордно ниски откупни цена на печницата, јачменот, оризот, на црвната пиперка. Дополнително се укинаа грантовите за малите производители.

Последни вести