fbpx

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не започна ниту направи ниедна реформа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не започна ниту направи ниедна реформа

Христијан Мицкоски денеска повторно се обиде да ја изманипулира јавноста со празни флоскули за судството и обвинителството. Наместо конкретни реформи и решенија, тој уште еднаш демонстрира дека единствен интерес му е политичка контрола и дневно-политички поени.

Фактите се јасни, откако е на власт, Мицкоски не донесе ниту еден реформски закон за судството. Неговиот неспособен министер за правда од ЗНАМ за цела една година не спроведе никаква промена. Наместо ветените промени, Мицкоски го претвори правосудството во партиска филијала – со судии сопружници на негови градоначалници и роднини на неговите коалициски партнери.

Денес тој зборува за “мачнина” од платите на судиите и обвинителите, а вистината е дека граѓаните чувствуваат мачнина од неговата неспособност и лицемерие.

Мицкоски дури и одби заедно со СДСМ да ги донесе неопходните реформски закони, со што јасно покажа дека нема никаква намера да спроведе реформи во судството. Тој сака судство заробено во неговиот партиски систем, а не независно и праведно.

СДСМ потсетува: без вистински реформи и независни институции нема правда за граѓаните. Мицкоски една година ја потроши во политички пазарења и кадровски комбинации, додека судството го држи во заложништво на ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести