fbpx

Одговорност за неисчистените канали мора да има, ревизорот ги потврди злоупотребите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Неисчистените канали се потврда дека потфрлањето на институциите е причина за многу човечки животи.
Државниот ревизор, на страна 22 од извештајот точно посочува дека постапката спроведува Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Клучно, токму државниот ревизор констатира дека незаконити постапки тешки 3 милиони евра, потврди.

Парите за наводно исчистени канали ги добивале лица или фирми, само врз осова на барање и на документација, без притоа овластени контролори на Платежната агенција да ја проверат на терен фактичката состојба и да направат и да достават записник!

Не се вршеле контроли и пред одобрување на барањата, што е нова можност за злоупотреби – едно да е наведено во барањето, друга да е ситуацијата на терен.

Затоа политичка, морална и кривична одговороност мора да има.

Скопје, 22.08.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести