fbpx

Филипче до членовите на СДСМ: Вие сте темелот на ова движење, заедно ќе се бориме за нашиот дом

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната Конвенција за промоција на кандидатите за градоначалници и советници рече дека во време кога е лесно да се каже „сите се исти“, откажувањето од одговорност значи препуштање на домот на самоволието, повикувајќи граѓаните да ги држат кандидатите и своите претставници одговорни, да ги проверуваат и да ги мерат според тоа кому служат, на партијата или на човекот.

„До верните гласачи на СДСМ, вие сте темелот на ова движење, нашата меморија и наша совест. Кога било најтешко, вие ја држевте линијата на демократијата и знаевте дека СДСМ е секогаш правилната опција која е на страна на граѓаните и јавниот интерес“, рече лидерот, додавајќи дека токму нивната енергија, борба и верба се клучни за успехот на кампањата, за пренесување на искрената порака од маало до маало и од семејство до семејство, како и за враќање на гордоста што произлегува од работа, пристојност и чесност, за да се покаже дека левицата значи солидарност, патриотизмот е грижа за човекот покрај нас, а државноста е дисциплина и ред.

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче се обрати и до оние кои се разочарале, но сè уште веруваат дека социјалдемократијата е правилниот избор и единствена опција државата да оди напред.
„Да се биде социјалдемократ не значи да се биде совршен, туку да се има храброст да се исправат сопствените грешки. Признаваме дека не секогаш бевме она што граѓаните очекуваа, но без силен СДСМ единствената надеж Македонија да биде правична, човечна и демократска држава со јасна перспектива напред, пропаѓа. Борбата е за вредности, за нашите идеали и за тоа партијата да им служи на граѓаните“, заклучи Филипче.

Последни вести