Филипче: Томче Христовски од Крушево направи светски спортски и туристички центар, затоа ќе победи
На граѓанската трибина во Крушево, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче ја најави победата на кандидатот на СДСМ во Крушево, Томе Христоски, кој во изминатите два мандати, како што рече, го претвори Крушево во вистински пример за локален развој и функционална општина.
„Томче успеа да го направи тоа што пред повеќе години изгледаше дека е невозможно, Крушево на светската спортска и туристичка мапа. Покажа што значи да се биде градоначалник за граѓаните. Затоа е и два мандати, а ќе има и трет мандат. СДСМ ќе има победа во Крушево, Томе повторно ќе биде тука за вас, крушевчани – со отворени врати за секој ваш проблем и за сè што значи подобра, поуредена и пофункционална општина“, порача Филипче.
Во обраќањето пред граѓаните, Филипче нагласи дека Крушево денес е препознатлив бренд на развој, чиста животна средина, култура и туризам, благодарение на 68 реализирани капитални и локални проекти во изминатите осум години.
Како што кажа Филипче, развојот на Крушево продолжува со четиригодишната програма на
кандидатот Томе Христовски, развојот на Крушево.
„Крушево ќе продолжи да живее од туризмот и овие политики за развој на турзимот ќе продолжат. Во Програмата за Крушево се содржани инфраструктурни инвестиции во обрзованието, во спортот. Ќе има ново полетувалиште „Црн Врв“ со два терени за параглајдинг и нови планински и велосипедски патеки со дигитална мапа. Поддршка ќе за ранливите категории, за изнемоштени лица. И уште многу проекти за вас граѓаните“, рече Филипче.
Тој во обраќањето, ги повика граѓаните да гласаат за бројот 5 , за Томе Христовски, да гласаат за напредок на Крушево.
„Томе останува со вас, со отворени врати и уште посилна енергија, за Крушево што го сакаме сите. Ако сакате Крушево да продолжи напред, изборот е јасен – Томе Христоски“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.