Соопштение за јавност
Срамно е Коце Трајановски денеска да се шета по ужасни тоалети во средните училишта.
Доколку Коце Трајановски по налог на Никола Груевски не потрошеше 650 милиони евра на раскош и луксуз за Скопје 2014, денес ќе имавме и нови покриви, и нови тоалети, и цели нови средни училишта.
Во Скопје сеуште имаме средни училишта со канцерогени азбестни покриви!
Но за Коце Трајановски не се важни условите за учениците. За него е важна само наредбата од Никола Груевски. На Скопје му е потребен градоначалник.
Затоа Коце Трајановски треба веднаш да поднесе оставка.
Скопје, 22.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА