Соопштение за јавност
Каја Шукова со јасен план против загадувањето – филтри за домаќинствата и нови зелени политики
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вели дека борбата против загадувањето мора да биде системска, но и реална.
„Ова не е процес што се решава преку ноќ, но можеме да започнеме со мерки кои веднаш ќе дадат резултати,“ порача таа во интервју за РСЕ.
Во интервјуто, Шукова најави филтри за оџаците на домаќинствата, што градот би ги донирал на 5.000 до 10.000 семејства уште во првата година.
„Тоа е краткорочна мерка со која ќе ги задржиме ПМ честичките и ќе го намалиме загадувањето на воздухот,“ објасни таа.
Покрај тоа, БРТ системот, решавањето на отпадот и воведувањето на селекција на отпад се дел од пакет мерките што ќе овозможат Скопје да стане поздрава средина.
„Секој има своја улога и градот, и граѓаните. Ако сите вложиме дел од одговорноста, резултатите ќе ги видиме уште во првите години,“ истакна Шукова.
https://www.slobodnaevropa.mk/a/33548075.html