fbpx

Кисела Вода 10 години е заборавена од Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На 5 минути од центарот на главниот град општина Кисела Вода е заборавена од Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ.

Дел од улиците во Кисела Вода се преплавуваат и при најмал дожд, а во матниот Вардар Груевски и Коце ставија три врби вредни 250.000 евра.

Дупките и лошата инфраструктура стана заштитен знак за Кисела Вода а граѓаните се соочуваат и со проблемот на неосветлените улици.

Приоритет за Коце Трајановски беше партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ а не изградбата на било каква инфраструктура во Кисела Вода.

Градинките се пренатрупани, објектите кадешто престојуваат најмалите се застарени.

ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски не реализираа ниту еден од приоритетните проекти во Кисела Вода.

10 години Градот Скопје е ставен во функција на болната потреба на Никола Груевски за барок и луксуз.

10 години Коце Трајановски единствено ги слушаше наредбите на неговиот наредбодавец, Никола Груевски.

За 10 години Коце ни една секунда не помисли на скопјани.

Најмалку на граѓаните на Кисела Вода.

Скопје, 14.07.2016

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СДСМ КИСЕЛА ВОДА

 

Последни вести