fbpx

ФК Победа да се изјасни за предлогот на СДСМ за награда на фудбалерите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Во интерес на јавноста уште еднаш потенцираме, дека СДСМ бара 1 милион денари со кои еднократно, директно и лично ќе бидат наградени фудбалерите на ФК Победа.

Претседателот на Совет на општина Прилеп, Никола Димески, манипулира кога вели дека Комисијата за финансирање и буџет веќе одвоила средства, бидејќи тие средства за кои зборува, завршиле кај управата на клубот, а не во рацете на фудбалерите и стручниот тим!

Управата на ФК Победа, којашто се јави со писмена реакција, од една страна се сложува дека политиката не треба да се меша во спортот, а од друга се става во одбрана на општинската власт.

Ја повикуваме управата на ФК Победа, недвосмислено да се изјасни, дали го поддржува Предлогот на СДСМ – фудбалерите и стручниот тим на ФК Победа да бидат лично наградени со 1 милион денари општински пари?

Уште еднаш ги повикуваме и Советниците од власта, заедно да ја покажеме искрената намера, со тоа што тие нека го иницираат предлогот за награда на фудбалерите, а ние ќе го поддржиме.

Ве уверуваме дека иднина општинска власт под раководство на СДСМ, ќе биде вистински партнер на ФК Победа и на сите други спортски клубови во општина Прилеп.

Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп

Последни вести