fbpx

Нов долг од 12,6 милиони евра на товар на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Министерството за финансии денеска реализираше ново задолжување на товар на граѓаните во висина од 12,6 милиони евра.

Иако првично Министерството за финансии побаруваше 5,4 милиони евра на домашниот пазар на капитал сепак под неверојатен притисок под којшто се ставени домашните кредитори од новиот министер за финансии, новото задолжување коешто го реализираа е поголемо за 2.3 пати од првично планираното.

Денешното ново задолжување има за цел да го надополни раздолжувањето утре, но и да натовари дополнителни 7,2 милиони евра нов долг.

Денеска изостана исплатата на пензиите па се поставува прашање за Миноски дали e буџетот толку исцеден што и редовната исплата на пензии е загрозена па се чека на ново задолжување за да можат да им се исплатат пензиите на пензионерите во предвидениот рок?

Недозволиво е да се таложат нови долгови и да се доцни со исплата на пензии, а расипничката власт да се расфрла со нов барок за ГТЦ којшто ќе однесе нови милиони евра пари на граѓаните.

И понатаму ги предупредуваме домашните кредитори, банките, пензиските друштва и осигурителните компании да внимаваат при купувањето на домашни хартии од вредност бидејќи според последниот Закон за влада сеуште е под знак прашалник законитоста на ваквите задолжувања.

Скопје, 06.07.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести