СДСМ: Во очајнички обид да се злоупотреби трагедијата во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ потврди дека функционерите на СДСМ доследно работеле по закон

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ: Во очајнички обид да се злоупотреби трагедијата во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ потврди дека функционерите на СДСМ доследно работеле по закон

Ниедна манипулација на ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиумски мегафони на една недела пред изборите нема да го покрие фактот дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во сите институции се виновни за случајот Пулс.

Ова е очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ за последна злоупотреба на трагедијата во Кочани за политички цели пред изборите. Откако јавноста дозна дека финкционери на ВМРО-ДПМНЕ од сите ешалони биле инволвирани во случајот а Мицкоски ги штитеше, сега се обидуваат да го прикажат повторно СДСМ како виновен.

Дури и манипулативната објава на Плусинфо, всушност покажува дека обидите да се влијае врз кадрите на СДСМ не успеале, кафичот бил пломбиран, што е директна потврда дека никој од функционерите на СДСМ не попуштил. Во самата објава на мегафонот на Мицкоски всушност се потврдува дека сите разговори се водени меѓу извесна Бојана и инспекторот од УЈП Паунов кој е кадар на ДПМНЕ а не на СДСМ.

Со ова паѓаат во вода обидите да се инволираат функционери од партијата во овој контекст. Ова што го прави власта е срамно и скандалозно.

Овој патетичен обид е со јасна цел – да се спречи падот на ДПМНЕ од доказите кои излегоа од истажувањето на ИРЛ во однос на тоа како се спречувала правдата во случајот Пулс. Јасно е веќе дека ВМРО-ДПМНЕ и функционери од партијата директно го штителе сопственикот на „Пулс“, кој постапувал спротивно на сите стандарди и закони.